Twitter ќе овозможи преземање на сите твитови

Извршниот директор на Twitter, Дик Костоло изјави, дека сервисот на кој се испраќаат пораки со максимална должина од 140 карактери, работи на алатка која ќе им овозможи на корисниците да ги преземат своите твитови.

Во моментот веќе постојат некои трети апликации кои го овозможуваат ова, но ниту една не го извршува тоа што треба и постарите твитови повторно остануваат непреземени. Тоа е бидејќи на Twitter можете да одите само одреден број на твитови назад, но г. Костоло вели дека и тоа ќе се промени.

„Ние работиме на алатка која ќе им дозволи на корисниците да ги изнесат сите свои твитови“, вели Костоло за NY Times. „Ќе можете да ги преземете во една датотека“.

Сепак, Костоло не знае точно кога корисниците ќе ја добијат оваа функција. Според него, има два различни проблеми со пребарувањето, а „тоа е различен начин на дизајнирање на пребарувањето и одење буквално низ сите твитови. Не можете да ставите три инжинери таму.“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk