0 коментари 2 мин. читање 25 јули, 2012

Видете што коментираат Twitter корисниците за вашето YouTube видео

Како што вели и самиот наслов, FreeTwitTube е апликација со која е искомбинирано корисничкото искуство помеѓу YouTube и Twitter. Со помош на оваа апликација луѓето може да видат што мисли Twitter заедницата за вашите омилени видеа или видеа што вие ги имате прикачено.

[youtube]SNDM86q6g40[/youtube]

Покрај директните твитови, апликацијата ги собира и одговорите што се упатени кон тој што го има објавено YouTube видеото на Twitter, така што на корисниците им се дава повратна информација во реално време и брзо може да дознаат какви коментари се шират за нивното видео.

Оваа апликација е добра кога на YouTube се прикажува некој настан во живо, па ќе можете директно да следите коментари и реакции од Twitter, и да се вклучите во дискусијата без да го напуштите екранот.

Апликацијата е бесплатна и достапна за Windows, а можете да ја преземете од http://www.freetwittube.com.

Благодарност до @ribaro за линкот.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}