0 коментари 2 мин. читање 26 јули, 2012

ИТ настан: Стартува #Letogram, прв македонски Instagram конкурс

One оператор го стартува првиот македонски Instagram конкурс. #Letogram ќе трае од 26 јули до 14 септември и е отворен за сите корисници на популарната мобилна апликација за фотографии.

Конкурсот ќе се одвива во три фази. Првата трае до 25 август до кога „инстаграмџиите“ треба да ги пријават своите фотографии. Пријавувањето се прави само со додавање на хаш-тагот #letogram на јавно објавените фотографии.

Во втората фаза тричлено жири ќе ги одбере најдобрите 10 фотографии, а за 3 ќе се гласа на Facebook страната на One од 1 до 10 септември. На крај, во преостанатите денови ќе се објави галерија на сите фотографии и ќе се доделат наградите на најдобрите три. Првото место ќе добие паметен телефон HTC One V, а второто и третото место ќе добијат објективи за паметни телефони.

Instagram е популарна мобилна апликација за iOS и Android со која може да се споделуваат фотографии, но тоа по што е позната е специфичните филтри кои ги има за да се уредат фотографиите. Оваа апликација неодамна беше купена од Facebook за 1 милијарда долари.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top