Twitter бележи 400 милиони твитови дневно и зголемена заработувачка од мобилните платформи

Откако вчера го претставија новото лого, информации од Twitter укажуваат дека компанијата има поставено нов рекорд на твитови објавени во еден ден и зголемен приход од мобилните платформи. На Twitter сега дневно се објавуваат повеќе од 400 милиони твитови. Последните бројки кои беа достапни од аналитичката компанија Dataminr покажуваат дека во април годинава се пишувале околу 340 милиони твитови дневно. Додека во октомври минатата година, Дик Костоло изјави дека дневно се пишуваат по 250 милиони твитови.

Исто така, компанијата има зголемени приходи и од користењето на Twitter на различните мобилни платформи. Интересен е фактот и дека заработувачката од мобилните платформи за првпат ја надмина заработувачката од не-мобилните уреди. Ова изгледа како добар успех за Twitter, со оглед на тоа дека компанијата дури во март започна да нуди промотивни твитови во својата апликација за мобилни.

„Заработувачката од мобилните платформи веќе напредува.“, изјави г. Костоло на The Economist конференцијата.

Гледајќи ги овие бројки и растот на Twitter, воопшто не не зачудува што Google повторно сака да проба да го купи сервисот за микро-блогирање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Boris Kuzmanov
13 years ago
Reply to  Vlade

Не, The Verge, и ти се линкани дека од таму е изјавата. А со тоа и нормално од таму да ја имам прочитано веста.