Друштвените мрежи не се ниту корисни ниту штетни за децата, ама…

Дали Тик Ток треба да се цензурира или не е една од поактивните дискусии во моментот низ целиот Балкан. Но, критиките насочени кон друштвените мрежи започнаа уште пред некоја година со популаризацијата на Facebook, Snapchat и Instagram… Поради самиот факт што голем број интернет корисници огромен дел од своето време онлајн го трошат на друштвените медиуми, платформите често се прегледувани и анализирани од различни организации и експерти кои се обидуваат да проценат какво влијание имаат социјалните мрежи на различни сегменти од животот. Оваа недела резултати од своето истражување сподели една од највлијателните организации за менталното здравје во САД.

Американското здружение на психолози (APA) сподели дел од своите сознанија на својот вебсајт. Сознанијата на APA покажале дека друштвените мрежи ниту се опасни, ниту се корисни за децата. Според она што го слушавме досега, резултатите кои се споделени од досегашното истражување на APA на прв поглед се помалку изненадувачки. Сепак, иако друштвените мрежи како платформа се неутрални, какво ќе биде искуството на адолесцентите ќе зависи од содржината која ја гледаат…

Употребата на друштвените мрежи самa по себе не е ниту кориснa, ниту штетнa за младите. Онлајн животот на адолесцентите го одразува нивниот офлајн живот. Во најголем број на случаи, ефектите на друштвените мрежи зависат од сопствените лични и психолошки карактеристики и социјални околности – што се вкрстува со специфична содржина, карактеристики, или функционалности кои се нудат во голем дел од друштвените мрежи. Со други зборови, ефектите на друштвените мрежи најверојатно зависат од тоа што тинејџерите го прават и гледаат онлајн, од веќе постоечките сила или ранливост, и од околината во која растат“.

Иако самите платформи немаат влијание, ова не значи дека и искуството на друштвените мрежи е такво. Во зависност од тоа кого следат, и кој им „се допаѓа“ ќе имаат различно искуство. За жал, ова е единствено „почетна состојба“, а на конечното искуство значително влијаат алгоритмите кои се „вградени“ во овие друштвени мрежи. Самите алгоритми често имаат векови на расистичка политика и дискриминација, вградени во себе, вели APA.

Препораки

Заедно со констатацијата на состојбата, Здружението на психолози излезе и со препораки за безбедно користење на друштвените мрежи. Еве дел од нив:

  • Младите кои користат друштвени мрежи треба да бидат охрабрени да ги користат функционалностите кои креираат можност за социјална поддршка, онлајн дружење, и емоционална интимност која промовира здраво дружење.
  • Употребата на друштвените мрежи, функционалности и ограничувања, треба да бидат во согласност со развојот на децата. Она што е креирано за возрасни, не е соодветно за деца.
  • Децата помлади од 14 години не треба да бидат оставени да имаат ненадгледуван пристап до друштвените мрежи.
  • Надгледување од возрасен треба да биде задолжително додека се здобиваат со вештините за дигитална писменост.
  • Надгледувањето сепак треба да биде балансирано и да се има предвид потребата за приватност.
  • За да се намали ризикот од психолошка опасност, адолесцентите не треба да имаат пристап до содржина која прикажува илегално или психолошки манипулативно дејство. Тука се вклучени и содржини кои можат да бидат опасни по здравјето на децата.
  • Минимизирање и ограничување на пристап до сајбер омраза. Тука се вклучени, дискриминација, предрасуди, омраза, онлајн малтретирање на маргинализирани групи или индивидуи.
  • Потребно е редовно следење за знаци за проблематично користење на друштвени мрежи. Со ова ќе се спречи ова несоодветно однесување или содржина да стане секојдневна рутина. Ова се однесува и на зависноста од друштвените мрежи.
  • Ограничување на употребата на друштвените мрежи за споредување на социјален статус, посебно ако е содржина која се однесува на убавина или изглед.

Линк до целосни резултати и препораки од истражувањето

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments