Прв поглед на Chieftec CFT-750-14CS напојување

Денес ќе преставиме напојување од Chieftec, чие име е познато по производство на компјутерски напојувања и куќишта. Нивните производи се вбројуваат во средна класа во однос цена-квалитет. Моделот на напојување кој го земавме за тестирање овој пат е CFT-750-14CS.

Го избравме ова напојување од неколку причини. Има двојна заштита, интелигентна фан контрола, добро иведено ладење, но најважното нешто што не интересира не е листата со опции, туку снабдувањето со електрична енергија и параметрите за квалитет, всушност стабилност на испорачување на максимална моќност на подолго време. Дали сето тоа овој модел може да ни го пружи ќе видиме од тестирањето што му го направивме.

Како што му доликува на модел од „супер серијата“ на Chieftec со повисока цена, се испорачува во високо квалитетна картонска кутија на која можете да ги најдете сите важни карактеристики и податоци за самото напојување кои доаѓа со куп кабли за поврзување, кабел за напојување, штрафчиња и упатство за користење.

Спецификации

  • Капацитет: 750W
  • Ладење: 140мм вентилатор со автомацки систем за контрола
  • Влезни параметри: 100-240
  • Меѓународни стандарди: ATX 12V 2.3, EPS12V V2.92, RoHS
  • Искажана ефикасност: 80%
  • Излезни парамтри: +5 V -28 А; 3,3 V -30 А; 12 V1-18A; 12 V2 -18 А; 12 V3 -18 А; 12 V4 -18 А; -5V-НД; -12V – 0,8 А; 5 VSB – 3 А;
  • Дистрибуција на моќ: +3,3 V и 5 V; W – 180 W; 12 V – 720 W
  • Димензии: 158x150x85мм
  • Цена: 6.200ден.

Сетот кабли содржи:

  • Еден 24-пински кабел со должина 47cm.
  • Еден 4-пински кабел за напојување на процесор должина 48cm.
  • Еден кабел со два molex приклучоци должина 79cm.
  • Еден кабел со два molex приклучоци должина 63cm.
  • Два кабли со 4 SATA приклучоци должина 93cm.
  • Два кабли со PCi-e 6-пински приклучоци 50cm.
  • Два кабли со PCi-e 8-пински приклучоци 50cm.
  • Еден кабел за напојување на процесорот 8-пински должина 50cm.

Телото на напојувањето е изработено од метал со дебелина од 0,8мм. На надворешната страна металот е обоен во црна мат боја што му дава по привлече изглед. На задната страна може да се види стандардниот прекинувач и конектор за влезен напон. Кога сме кај влезниот напон ова напојување има можност да работи на широк спектар на напон и тоа од 100-240V.

На горната и на левата бочна страна има налепница на која се гледаат сите главни карактеристики, сертификати и стандарди за квалитет. Предната страна стандардна како кај сите модерни напојување. Се наоѓаат каблите и конекторите за приклучоци со уредно прикажани на слика кој конектор за што е.

Долната страна е резервирана за ладењето.Таму се наоѓа D14BH-12 вентилатор со димензии од 140 x 140 x 25 мм, кој обезбедува доволен проток на воздух 140 CFM. А за оптимална распределба на воздух, производителот има вградено дијагонална проѕирна пластика која покрива половина од напојувањето за да се распределува воздухот кон потребите на деловите. Кога напојувањето не е оптеретено вентилаторот има вграден автоматски регулатор кој ги регулира вртежите на истиот, со ова се намалува бучавата кога компјутерот е во мирување.

Кога сме кај надворешниот изглед ќе забележите дека сите кабли се уредно средени со пластична „мрежичка“ која не дозволува разгранување на каблите. Но тука има и една мана која ја имаат поголемиот дел од напојувањата од средната класа, а тоа е должината на каблите. Каблите е невозможно да се поврзат во поголеми fulltower куќишта, а камоли истите да се средуваат.

Внатрешноста на уредот е прилично стандардно, но дури и како такво е убаво за око. Се е уредно средено, сите намотки се изолирани и обвиени со топлотни цевки кои го собираат топлиот воздух. Има три главни радијатор од тенок алуминиум кои се залемени на плочата. Кога е во прашање квалитетот на инсталацијата немаме ниту една забелешка.

Од физички аспект немаме некои поголеми забелешки во изработката и квалитетот на напојувањето, но она што нас ни е најважно, а верувам и на сите вас е тоа како ќе се покаже на тестови за стабилност и испорака на електрична енергија при голема оптеретеност.

Тест на стабилност

Тестовите кои ќе ги изработиме ќе се состојат од неколку фази и на неколку различни оптеретувања на сите 3 грани 3,3/5/12 v.Да напоменам дека дозволената толернација е +/- 0.6V од номиналната вредност.

Системот на кој ќе го тестирам е:

  • Asus Maximus IV Extreme-Z;
  • Intel Core i5 2500k
  • 4GB Kingston Genessise 1600MHz;
  • Sapphire 6870HD;
  • Frio;
  • WD 1TB c.green;
  • Windows 7 64bit.

На првиот график е мерен напонот на систем без оптеретување. Мерено е 5 минути на секои 10 секунди се запишува вредноста и се земени средните вредности. Резултатите се читани од BIOS.

Направивме уште еден тест овој пат мерено со мултиметар, а за потрошувач имаме само еден хард диск. Мерењето е на ист начин 5 минути, на секои 10 секунди се запишува вредноста и се земаат средните вредности.

Може да забележиме дека две мерења се горе-доле исти, што значи дека напојувањето при минимална оптеретеност дава добри резултати. Следат уште два тестови на кои ќе се види како ќе се покаже при поголема оптеретеност на сток и оверклок на процесор.

HD load и AV scan

VIdeo и LinX x64

Од тестовите кои се направени на зададена (default) фрекфенција на процесор се гледа дека се во рамките на ATX спецификациите. Но да видиме што се случува кога процесор ќе побара малку повеќе струја од дозволеното.

Напојувањето успеа да ја издржи тортурата на i5 2500k при оверклок на 4,5 Ghz, но му создаде голем проблем при 3D mark со што се забележува благо успорување на вентилаторите и покачување на температурата, по што се откажавме од понатаможно тестирање за да избегнеме несакани дејства. Доколку сакавме да ја зголемиме фрекфенцијата на графичката и да ставевме уште една, во тој случај напонот уште ќе паѓаше, што значи дека напојувањето нема да ги исполни барањата на „клокерите“. Од тестовите јасно се гледа дека ова напојување е наменето за mainstream конфигурации, но не и за high-end оверклокерски конфигурации.

Температурите кои беа измерени не беа така разочарувачки, ако имаме во предвид дека напојувањето беше измачено. Од 28 степени при минимална оптеретеност, па до 46 степени при максимална оптеретеност. Температурата при оптеретеност растеше со намалувањето на вртежите на вентилаторот, но 46 е просек.
Ефикасност ги задоволува современите барања, достигнувајќи врв од 84%.

Заклучок

Според претходно напишаното можеме да заклучиме дека напојувањето не е наменето за high-end конфигурации, но е повеќе од доволно за mid-end конфигурации. Стабилноста на напонот е задоволителна на некое средно ниво,има убав дизајн и голема ефикасност, што го справи Chieftec CFT-750-14CS конкурентен производ на пазарот. Моја оценка за производот е 6,5 од 10.

Позитивно

  • Модерен изглед:
  • Менаџмент на кабли;
  • Голем избор на кабли што доаѓаат во пакувањето;
  • Автоматски фан контролер;
  • Перформанси.

Негативно

  • Кратки кабли;
  • Слаб сооднос перформанси-цена;
  • Пад на напон кај голема оптеретеност;

Голема благодарност до Mebius Computers кои ни го отстапија производот за тестирање, и кои овозможија специјален попуст за сите заинтересирани членови и корисници на it.com.mk

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Gonzo
Gonzo
14 years ago

Ова како Чиф(или)Тек :)

Ace
Ace
14 years ago

a koja bi bila cenata so popustot?