TuneBirds е многу интересен концепт, кој им овозможува на сите твитерџии на многу едноставен начин да споделуваат песни и плејлисти. Иако веќе има сличен сајт, TinySong, кој исто така ви овозможува да ја твитнете било која песна, TuneBirds нуди далеку подобри можности.
Како за почеток, TuneBirds е многу лесен за користење, толку лесен што најкомплицираниот дел е регистрирањето. Нема потреба да качувате песни од вашиот компјутер, само треба да ги побарате на веб сајтот. За разлика од TinySong, каде можете да твитнете само песна, со TuneBirds можете да твитнете цела плејлиста.
Кога ќе сакате да споделите песна, твитот автоматаски се пополнува, се разбира вие можете да го избришете тоа и самите да си напишете што сакате. Кога сте на веб сајтот, линкот до песната не се покажува, но без грижи, се покажува на вашиот Twitter профил. Споделувањето плејлиста е сосема исто како да твитате една песна. Линкот до плејлистата води до плеер кој ги содржи сите песни што ги имате одбрано.
Сите песни и плејлисти што ќе ги твитнете остануваат на вашиот TuneBirds профил, и во било кој момент можете да се навратите да ги слушате, да ги избришет, или пак повторно да ги споделите.
Check out my cool playlist http://tnbr.co/1rx









