Трикови за пребарување на вашиот Gmail

во Совети, Статии

Вчера пишувавме за пребарувањето на Twitter, а денес во овој напис ќе се обидам да ви претставам неколку корисни совети за пребарување на електронската пошта во Gmail.

Сигурно некогаш сте соочиле со проблемот да ви биде потребна некоја порака која сте ја добиле или испратиле поодамна и да изгубите многу време истата да ја пронајдете. Со помош на овие совети, се надевам дека ќе го избегнете губењето на време и листање на сите тие страници, особено доколку редовно комуницирате преку мејл и имате огромен број на пораки.

Во полето за пребарување на горниот дел од страницата можете да користите многу оператори кои ќе ви ги филтрираат резултатите, а истите со кратко објаснување можете да ги погледнете во продолжение на овој текст.

  • Оператори за пронаоѓање на пораки „испратени од“ и „испратени до“

Со користење на операторот from: можете да ги пронајдете сите пораки примени од одредена личност, или to: за да ги пронајдете сите испратени пораки од одредена личност.

Пример: from:Boris или to:Viktor

  • Пораки кои содржат додатоци

За пронаоѓање на пораките кои содржат додатоци можете да го користите операторот has:attachment. Кон истиот можете да додадете и кој формат на додаток да го претражува, пример, has:attachment pdf за сите пребарување на сите пораки кои имаат додаток во .pdf формат.

Исто така, овој оператор можете да го комбинирате и со претходните два(from и to), со цел да ги добиете пораките од одредена личност и имаат додаток.

Пример: has:attachment from:Boris

  • Пребарување според временски период

Како и кај Twitter пребарувањето, така и овде можете да пребарувате пораки во одреден временски период. after:год/месец/ден ќе ви ги прикаже сите пораки испратени после одреден датум, додека before:год/месец/ден – сите пораки пред одредениот датум.

Пример: before:2012/16/11 или after:2012/01/11

  • Пребарување според локацијата на пораката

Стандардно Gmail ги пребарува само пораките во Inbox, додека пораките кои се наоѓаат во Sent, Spam и слично, нема да можете лесно да ги добиете. За таа цел, се користи операторот in:, со чија помош можете да пребарувате низ одредена папка.

Параметрите кои може да ги прими овој оператор се anywhere, inbox, trash и spam.

Пример: in:anywhere работа – ќе ги прикаже сите мејлови со „работа“ во сите папки на Gmail.

  • Пребарување според наслов

Доколку не се сеќавате на целиот наслов, ова е одлична опција да го пронајдете тоа што го барате. Со операторот subject:, брзо можете да ги пронајдете сите мејлови кои во насловот содржат одреден збор.

Пример: subject:работа from:Viktor – ќе ви ги прикаже сите мејлови од Виктор кои во насловот го содржат зборчето „работа“.

  • Останати оператори

Уште неколку оператори кои можете да ги користите се за пронаоѓање на пораки на четот на Gmail или GTalk – is:chats; За пронаоѓање на датотеки според одреден збор – filename:проект pdf и можеби некогаш ќе ви притреба пронаоѓање на пораките со одредена големина, а за таа цел се користи операторот size:5000000 (5 MB).

Сите овие оператори може да се комбинираат меѓу себе.

Исто така, за поненапредните корисници и на кои не им се брза толку во пребарувањето или едноставно не сакаат да користат оператори, на десната страна од полето за пребарување има стрелка преку која можете да ги отворите опциите за пребарување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk