За нешто помалку од еден месец, односно на 5-ти декември 2012 треба официјално да биде објавена новата верзија на WordPress, верзијата 3.5. За да бидете подготвени на промените уште од првиот ден, еве еден краток осврт на тоа што нè очекува.
Twenty Twelve тема
Да започнеме прво од главниот стандарден изглед. Значи, во WordPress 3.5 како почетна тема ни доаѓа Twenty Twelve која е веќе подолго време достапна во директориумот со бесплатни теми. Чиста, респонзивна и ги содржи сите основни функции на WordPress.
Менито „Врски“ е сокриено
Менаџерот на врски ќе биде оневозможен во WordPress 3.5. Доколку веќе имате врски, менито ќе ви биде достапно, но доколку инсталирате чист WordPress 3.5, тогаш ќе морате да го инсталирате Link Manager додатокот.
Брзо инсталирање на додатоци со „Favorites“
Долго време обичните корисници и развивачите имаат дискутирано на оваа тема, бидејќи често користиме едни исти додатоци на повеќе веб-сајтови, па се бараше начин со кој лесно би ги инсталирале сите додатоци. Затоа, на Ottoму дошла идеја да ја интегрира опцијата Favorite.

Можете да ги бележите сите додатоци што ги користите, а потоа преку менито за инсталирање на додатоци да отидете во „Омилени“, да го впишете вашето корисничко име на WordPress.org и да ги инсталирате сите додатоци.

Мултимедија
Во делот за мултимедија има неколку промени во изгледот со цел да им се олесни работата на почетниците. Претходно, немаше конкретно копче за прикачување на мултимедијална содржина, што често ги збунуваше почетниците, па сега тоа го променија.
Исто така, огромна промена на корисничкиот интерфејс е направена кога сакаме да додадеме одредена мултимедијална содржина во содржината на нашиот напис. Направена е целосна промена на изгледот на мултимедијалната библиотека и додадена е функција за вметнување на повеќе слики одеднаш.
Нов екран за добредојде во работната табла
Одсега кога ќе се најавите на работната табла, ќе бидете пречекувани од нов екран кој може многу да им помогне на корисниците, бидејќи ги содржи сите потребни опции за уредување на еден веб-сајт.
Повеќе за промените во позадина и да ја преземете бета верзијата, можете да прочитате на http://wordpress.org/news/2012/11/wordpress-3-5-beta-3/.













