The Spell Brigade e симпатична и достојна алтернатива на Vampire Survivors

Има нешто посебно убаво во гејмплеј правилата кои беа воспоставени со Vampire Survivors. Автоматското пукање додека вие се движите низ мапата, станувањето се помоќни, уништувањето на легијата непријатели и, секако, одново и одново трудење да се надмине резултатот од претходното преигрување. Можеби затоа и не изненадува огромниот број на игри кои ги позајмуваат овие клучни механики од чедото на poncle, трудејќи се да зграпчат дел од профитабилниот колач.

The Spell Brigade ја има разработено добитната формула и нуди забавна и релаксирачка bullet hell акција во едно шаренолико опкружување, симпатични непријатели и разиграни анимации. Со запазување на roguelike правилата, добивате детално разработена игра која лесно може да ве принуди да заборавите дека е дел од раниот пристап на Steam.

Патешествието на волшебниците

Во The Spell Brigade играте со волшебници. На почетокот, можете да играте само со еден волшебник. Подоцна, како поминувате низ рановите и решавате квестови полека ќе ги отклучувате дополнителните седум волшебници. Покрај изгледот, секој волшебник се истакнува по различен напад и статистички бенефиции, нешто што знае да биде важно при спротивставување со непријателите. Моментно, на располагање имате три мапи. Иако мапите се релативно мали, дизајнирани се на интересен начин и нудат бројни можности за заобиколување на непријателите или нивно навеведување низ потесни премини.

А, кога сме кај непријателите, немаме зборови колку се симпатично осмислени и како разиграно тркчкаат, трудејќи се максимално да го исцедат вашето здравје и да ви го прекинат ранот. Иако има само седум врсти на непријатели, студиото има воведено механики кои го прават искуството свежо и предизвикувачко, констатно тестирајќи ги вашите способности за бегање.

Во поглед на способностите, волшебниците црпат од арсенал од десетина магии, но преку бројни прилагодувања за нив. Паралелно со ова, можете да активирате и инфузии, како и да собирате реликти, надополнувања и облека. Имено, започнувањето на секој ран е скромно. Но, со секое убивање на непријателите, собирате искуствени поени. Соберете доволно искуство и ќе можете да одберете една од три понудени способности. Некои од нив подобруваат статистички вредности, како автоматска обнова на здравје, побрзо трчање, поефикасен напад, и слично. Некои од нив, пак, ви даваат нови магии и отклучуваат, односно надградуваат нови способности, како повикување небесни проектили да паѓаат од небото, константно исфрлање камења од четири правци, или фрлање ножеви во одреден правец.

Од време на време, ќе добивате и привремени квестови, како да се пронајдат и уништат одредени статуи и да се спречи нивната реанимација. Доколку успеете да го решите квестот на време, ќе можете да изберете една од три исклучително моќни способности кои значително ги менуваат работите на бојното поле. Во случај да не ви се допаѓаат понудените магии, можете да искористите дел од вашето здравје за да се промеша шпилот и да се понудат други три опции. Со оглед на тоа што имате повеќе животи низ рановите, ова можеби и не е лоша работа и можете да си ја дозволите таквата флексибилност. Секој пат кога ќе изгубите живот, пак, може да наместите во која точка на мапата да слетате како еден вид деструктивен метеор.

Самостојни или заеднички маки

The Spell Brigade се игра и самостојно и со уште три пријатели. Иако нашето тестирање на играта беше самостојно, тоа не значи и дека имавме осиромашено и осамено искуство. Напротив, играта можеби зазема поразлична димензија кога се игра со пријатели, но ние супер си поминавме и во самостојно борење, собирање злато, а потоа и отклучување способности од траен карактер. На крајот од денот, наидовме на релаксирачка забава. The Spell Brigade има и одлично демо, доколку не сте сигурни дали е ова игра по ваш кеф.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Bolt Blaster Games
  • ИздаваBolt Blaster Games
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 18 септември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk