0 коментари 2 мин. читање 30 јуни, 2023

Започнаа масовни продажби на дигитални игри на бројни фронтови

Полека, но сигурно навлегуваме во летово, а со зголемување на температурите се намалуваат бројните цени на дигитални видео игри.

Од вчера, Steam ги отворија портите на нивната најголема распродажба и понудија илјадници и илјадници игри со попусти до 90 проценти. Доколку сакате точно да дознаете кои се најдобрите или најевтините игри, проверете ги потенцијалите на сајтот Steam 500!

Но, ни другите продавници не седат со скрстени раце и никако не сакаат Valve да го зграпчат целиот колач. Па поради тоа, ќе наидете на бројни распродажби и на други фронтови.

Green Man Gaming пали и жари со бројни попусти со нивната Sizzling Sale и бројни игри што ќе ги најдете тука се значително поевтини отколку на платформата на Valve.

Во меѓувреме, распродажбата на GOG и понатаму нуди над 5000 игри на попуст, а од неодамна се приклучи на оваа мисија и Humble Bundle со бројни попусти на најдобрите игри, особено доколку сте претплатени на Humble Choice подолг период затоа што така имате поголем попуст.

Во меѓувреме, одлична распродажба ве очекува и на Fanatical, со интересен избор од пакети од игри, покрај стандардното индивидуално продавање дигитални клучеви. На интересни попусти ќе наидете и доколку решите да ја посетите GamersGate, Gamesplanet, и WinGameStore!

Пријатен шопинг! :)

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top