The Land Beneath Us e нестандардна roguelite игра со забавен гејмплеј

The Land Beneath Us е игра која храбро експериментира со елементи од неколку жанрови. Како резултат, добивате dungeon crawler roguelite со turn-based механики. Преку ретро-инспирирана графика и приказна која пушта корени во велшка митологија, ќе навлезете во епски битки каде се користат најразлични оружја и способности.

Стратегија со запазување редови

Во The Land Beneath Us, на мапите се движите така што скокате од коцка на коцка. На секоја од вашите четири страни можете да поставите најразлични оружје кое има различни офанзивни ефекти врз непријателите.

Преку Weapons and Relics системот ви се сервират најразлични ладни и огнени оружја, како и реликти со моќни способности (како зголемени шанси за критички напади, поголемо здравје, полесно справување со одредени елементи, и слично) .

Некои од оружјата напаѓаат само една коцка во насоката за која се одредени, некои оружја може да нападнат три коцки, а некои да имплементираат одредени способности паралелно со напад (како, на пример, ем да ви дозволат да нападнете ем да се повлечете една коцка назад).

Паралелно со ова , секое оружје или способност може дополнително да се награди. Благодарение на овие комбинации, секој ран е поразличен од претходниот и често сте принудени да експериментирате со она што го имате на ваше располагање. Ни се допаднаа и трајните надградби кои помагаат секој нареден ран да успеете да издржите подолго.

Во The Land Beneath Us строго се препорачува и имлементирање комбo движења. Таканаречениот chip систем ви дозволува да се движите во одредени претходно зацртани насоки со цел да активирате одредена способност, како лечење, повикување огнена топка, или пак деструктивни ударни бранови.

Ако, од една страна гејмплејот е јак, приказната навистина разочарува, особено дијалог кој, порано или подоцна, ќе почнете да го прескокнувате само за да се вратите на битките. Надвор од ова, The Land Beneath Us е игра на која и се хирушки отстранети сите багови и технички неправилности. Згора на ова, имате и повеќе од одлично демо преку кое ќе можете да проверите дали е ова игра за вас.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: FairPlay Studios Co. Ltd
  • ИздаваDear VillagersGamera Games
  • Жанр: roguelite
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 13 мај 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments