Temple Run 2 сега пристигна и на Android

во Мобилни

Играта по која „побудалеа“ корисниците на iOS, Temple Run 2 од студиото Imangi, веќе може да ја игратe и на Android. Temple Run 2 за iOS беше преземена над 20 милиони пати во првиот викенд, а во првите 12 часа играта стана најпопуларна бесплатна апликација.

Играта е едноставна, откако сте го украле проколнатата статуетка (малку наликува на авантурите на Индијана Џонс) треба да му избегате на мајмунот кој ве брка. На располагање ви се различни потези од лизгање по јаже до неизбежното скокање и се тоа со повлекување на прстите преку екранот. 

Играта е поддржана на Android 2.1 и поновите верзии. а ко-основачот на Imangi, Кит Шепард обелодени дека во првите четири дена на iOS играта е играна 210 милиони пати и вкупно време од 1.775 години. Засега играта е прземена 1,2 милиони пати од Google Play и има просечна оцена од корисниците од 4,6. Играта за iOS е достапна тука, а Android верзијата може да ја преземете тука.

[youtube]Vu3paDJJLEw[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments