Денес мобилните уреди можеби се и најпрактични за било која работа, а во брзо време големи се шансите и целосно да го замени препишувањето на рецепти. Сигурно дома ви се наоѓа тефтер со рецепти, но дали некогаш сте размислиле сите специјалитети од него да ги споделите со останатите, да го фрлите тефтерот и состојките за сè што ви треба да ги читате од вашиот паметен телефон или компјутерски таблет?
AllRecipes е една од поголемите, ако не и најголем веб сајт на кој можете да прочитате за подготвување на многу јаденици. Нуди и посебни категории за јадењата, како на пример, паста, вегетеријански, салати и сл., а секој регистриран корисник може да си креира сопствена листа на рецепти и секако, да додава сопствени рецепти.
Рецептите од AllRecipes се достапни во Android апликацијата Dinner Spinner и брзо ќе можете да пребарувате рецепти додека сте во кујна, а доколку не знаете што да готвите, само потресете го телефонот и апликацијата ќе ви даде некој предлог. Апликацијата нуди неколку пребарувања кои може да се комбинираат. Можете да изберете дали се работи за главно јадење, салата, десерт, што состојки да има и колку време е потребно за подготвување. Според тоа, апликацијата ќе ви ги даде сите можни јадења, а на вас останува само да одлучите што ќе зготвите.
Dinner Spinner е бесплатна апликација и можете да ја преземете од Google Play.








