1 коментар 1 мин. читање

My Dog е игра во која се грижите за кучиња

My Dog е игра за iOS и Android и е замислена како симпатична симулација во која можете да чувате куче и да правите најразлични работи со него.

Во My Dog имате на располагање над 60 раси. Штом го одберете кутрето од соништата, можете да го храните, да го шетате, да го бањате и многу други работи. Токму ваквите елементи оставаат впечаток дека симулацијата е првенствено замислена за помладите корисници кои треба правилно да се запознаат со оваа милениче, барем додека да почнете подетално да ја играте играта.

https://youtu.be/KwNoFUHRxdg

Во My Dog ги учите кучињата најразлични трикови, да играте некоја заедничка игра или пак да го праќате во лов на помали животни. Играта оди до тој степен да и ви дозволува да го облекувате кучето во најразлична облека, да го пуштате во улични битки а, во ситуации на екстремна сиромаштија, да го испраќате миленичето кај комшиите за да им украде пари.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top