7 коментари 3 мин. читање

Видео како главна форма за информирање на веб: Интервју со Борјан Јовановски, oсновачот на Нова ТВ

Нова ТВ започнува на веб. Овој нов медиум воден од поранешни новинари на А1 телевизија е решен да стане првин веб телевизија, нешто што е релативно ново во Македонија, па потоа да планира како да ги експортира содржините и на малите екрани.

„Се вмешавме во гужвава на онлајн светов затоа што едноставно за нас на телевизиите кои ги познаваме нема место. Претпоставувам не сме доволно добри за нивните критериуми.“, вели уредникот на Нова ТВ, Борјан Јовановски. „Како и да е тука сме каде што сме новајлии, ни треба простор да ја работиме работата која единствено ја знаеме. Инаку така беше и во 1993-та година кога ја почнувавме А1 телевизија, ми беше чудно како радиски новинар, но подоцна станав зависник од ТВ новинарство. Кој знае, можеби онлајн светов е новата љубов!?“

Веб телевизијата станува се поприсутна во Македонија. Има сајтови како Makedonija24 со содржина која е или без коментар или до максимум две минути. Има и емисии како Зебра кои се префрлија онлајн. Тука се и телевизиите кои си ја објавуваат содржината на своите сајтовите. Но нема веб медиум кој го користи видеото како примарна форма за новинарски прилози. Текстот и фотографиите се омилните алатки на веб медиумите за пренесување на информацијата, а Нова ТВ сака да го промени тоа со две видеа изданија на дневни вести, прилози кои можат да се најдат самостојно на YouTube, и во иднина со онлајн „дневник“ и емисии во живо.

[youtube]y1C7pZ3W6sw[/youtube]

Но, иако видеото е поприкладна форма за пренесување на вести, често видеото е поприфатливо бидејќи е лесно за конзумирање, не мора да се чита, сепак мора да им одговара на навиките на младата онлајн публика.

„Новајлии сме во онлај просторот и прв и најголем предизвик е веројатно да се прифатиме едно со други – онлајн светот нас и ние него. Онлајн светот е ‘par excellence’ либерален простор и покрај обидите да се стави под контрола од страна на мејнстримот. Тој негов младешки и бунтовнички дух некако ни прилега и мислам дека брзо ќе се навикнеме еден на друг. Се разбира предзвик е човек и да се наметне во овој простор во кој главиот збор го има помладата популација што е сосема различно од ТВ, каде што трендот го диктираа постарите кои беа и главните козументи.“

Како што вели г. Јовановски, тоа што Нова ТВ е невообичаена на македонскиот веб простор во исто време е добро и лошо. Добро е бидејќи се нови и иновативни, лошо е бидејќи се нови и неочекувани.

„Она што крева тензија е и фактот што нашиот портал нема близнак барем во Македонија. Ова го велам за добро и за лошо. Добро е затоа што ни дава можносот за некаква уникатност, но лошо е затоа што едноставно немате од кого да купите искуства и научени лекции на грешките. Ќе мора ние да го пишуваме учебникот во оваа видео онлајн верзија… И да не заборавам! Голем предизвик е како да се преживее на еден пазар кои функционира по основа на се, но најмалку на основа на пазарните приципи. Политичката детерминираност на пазарот е сериозен проблем.“

[youtube]eChLreGvxmI[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

7 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top