Написи тагирани со Влада

25 написи
Редакција
0
Виктор Дано Веб Свет

Ирачката влада на YouTube, а македонската?

После Обама, Кралското семејство на Британија, претседателот на Франција, Саркози, Ватикан... сега и владата на Ирак стартуваше свој YouTube канал. „YouTube каналот на ирачката влада е официјален канал наменет да се публицизира најважните активности на владата преку видео извештаи и состаноци.“ пишува на каналoт Iraqgov.   Несомнено е дека YouTube овозможува на луѓето и политичарите, поточно владите, да имаат подиректна комуникација на лесен и едноставен начин. Запрашајте се каков контакт имате со македонските политичари? Освен на вести и на плакати воопшто не ги гледаме, а уште помалку имаме контакт и пристап до нив.

0 коментари Прочитај 25 ноември, 2009
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Цела администрација со една дата база

Воведување, развивање и одржување на систем за интероперабилност на регистрите и базите на податоци меѓу државните институции, e проектот на Министерството за информатичко општество (МИО). Интероперабилност значи администрациите да бидат поврзани меѓу себе и да си разменуваат податоци по електронски пат.

0 коментари Прочитај 29 јуни, 2009
Редакција
0
Виктор Дано Свет

Аналитички поглед на иранскиот интернет

Протестите во Иран продолжуваат. Иако се прогласени како нелегални од Ајатолах Али Кхаменеи, врховниот лидер на Иран, сепак активистите повторно излегоа на улиците и се судрија со полицијата. Има и жртви... видеото снимено со мобилен за иранската девојка Неда Солтан во моментите на умирање откако беше застрелана, е еден од најбараните термини преку друштвените мрежи. Интернетот стана алатка преку која светот дознава за деталите од протестите, додека владата на Иран се обидува да го блокира.

0 коментари Прочитај 22 јуни, 2009
Редакција
0
Виктор Дано Свет

Францускиот поход против интернетот

Според весникот Le Monde, француската влада размислува за нов закон „Loppsi 2" кој ќе овозможи државата да инсталира софтвер кој ќе ги „набљудува, збира, снима, зачувува и пренесува“ сите куцања по тастатурата на компјутерот каде тој софтвер е инсталиран, односно легализација на тројански софтвер во компјутерите.

0 коментари Прочитај 20 мај, 2009
Редакција
0
Avatar photo Дамјан Дано ИТ.МК

МВР не ги почитува „законите" на Facebook

Медиумите во еден здив ја проширија веста за тоа како Министерството за внатрешни работи отворило своја „неофицијална“ страна на Facebook. Одлична идеја на прв поглед, дури е консултирана и Дирекцијата за заштита на лични податоци за оваа намера, од каде што велат дека нема никакви прекршувања на законот. Но, што е со Facebook? Ги праша ли некој нив дали не се прекршени нивните "закони" и правила за приватност и дали дозволуваат владини институции да ја користат мрежата за вакви цели?

2 коментари Прочитај 6 април, 2009
Мени
Заедница
To top
{title}