Цела администрација со една дата база

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

„Проектот интероперабилност, всушност претставува процес, којшто подразбира перманентно вградување информатичко-телекомуникациски решенија и технолошки стандарди и процеси низ институциите на системот.

Тоа ни дава за право да кажеме дека преку овој проект вистински градиме информатичко општество и преку овој проект повеќе од видлива е проевропската ориентација на Владата на РМ.“ вели заменик-министерката за информатичко општество Мирјана Секуловска за Предлог-законот за електронско управување.

„Проевропски“ бидејќи ова е иницијатива на Европската унија – Interoperable Delivery of European e-Government Services to Public Administration, Businesses and Citizens (IDABC). Овој проект е важен бидејќи ЕУ планира со вакви системи да направи голема мрежа на податоци меѓу државните администрација на земјите членки. Целта на сево ова е многу поефикасна работа на администрацијата.

„Со оваа интеграција, институциите нема да имаат потреба да бараат податоци кои веќе други институции ги имаат и на тој начин ќе се избегне непотребното дуплирање на податоците. Исто така,
институциите нема да имаат потреба од поголем обем на информации од деловните субјекти и граѓаните што ќе овозможи работата на државните органи и институциите да биде далеку поефикасна.“ вели г-ѓа. Секуловска.

Користа од Законот за електронско управување, МИО ги наведува:

  • ефикасна и ефективна администрација,
  • намалување на трошоците на работењето на администрацијата,
  • во реално време и за многу кратко време извршување на административните услуги по електронски пат,
  • зачувување на доверливоста и интегритетот на регистрите и базите на податоци,
  • eлиминирање на дуплирањето на податоци,
  • компаниите и граѓаните од едно место ќе можат да ги добијат потребните податоци и документи по електронски пат.

Но кои се опасностите? Македонија неодамна имаше инцидент со дифејсирање т.е хакнување на сајтот на претседателот на државата. Македонија нема CERT тим, односно владин компјутерски тим одговорен за инциденти и дигитални напади. Од МИО велат дека “формирањето на CERT [Computer Emergency Response Team] во Македонија е во почетна фаза”, и дека ќе добиеме повеќе информации кога ќе ги имаат.(од блогот на Дамјан)

Значи ако неможе да се заштити еден сајт на претседател од такво хакирање, колку ќе бидат безбедни СИТЕ податоци на граѓаните/администрацијата/државата ставени во една дата база со пристап до нив од било кој компјутер на државната администрација? Велам во една база на податоци бидејќи „во овој закон ќе се забрани формирање на регистри со исти податоци“ и „поврзаност меѓу регистрите“ – значи дека ќе се има пристап до сите информации, односно до цела дата база.

Ова е само основниот проблем. Како ќе биде менаџирана безбедноста и приватноста на тие податоци, како и кој ќе има пристап до нив, како ќе се заштитат од злоупотребата…? ова се дел од прашањата…

Законот за електронско управување е одлично решение за поефикасна работа на администрацијата, но од друга страна во Македонија администрацијата се менува секои 4 години, па проблемот е што таа дата база ќе биде на дофат на секој кој е вработен на партиска основа, а не на некој кој е компетентен и обучен за таа работа.

Надополнето 29.06.2009: „…јавната администрација, каде што е потребен многу труд, а се има постигнато многу малку прогрес што се однесува на осигурување на имплементирање на ефективно законодавство на поставеност и почитување на структурата за напредување во кариерата и да се нема навика која се случуваше толку често во минатото, јавните службеници да се отпуштаат кога на власт ќе дојде нова администрација, независно дали на национално или локално ниво.”изјави евроамбасадорот Ерван Фуере за Радио Слободна Европа.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk