Како веб видеото ја води глобалната иновативност
Веб видеото го движи светкиот феномен “Иновација забрзана од масите“, вели Крис Андерсон, кураторот на TED конференцијата во својот говор „Како веб видеото ја води глобалната иновативност“.
Веб видеото го движи светкиот феномен “Иновација забрзана од масите“, вели Крис Андерсон, кураторот на TED конференцијата во својот говор „Како веб видеото ја води глобалната иновативност“.
Магазинот Time објави листа од 50 најдобри веб сајтови, во која нема рангирање, туку сајтовите се подредени низ неколку категории. Можеби листата е малку ориентирана кон САД посебно категоријата за спорт, сепак Time е американски магазин. Но... и покрој тоа листата е одлична од аспект да се видат модерните веб страни, содржината и услугите кои тие ги нудат, како и нивното се поголемо влијание ширум светот, како на пример TED.com и Wikileaks.com кои се најдоа меѓу најдобрите во категоријата за најдобри сајтови за вести.
Стартува новиот TedXSkopje.мк портал каде можат да се најдат разни TED содржини, информации и новости за настанот. Наскоро на порталот ќе биде објавена и листата на говорниците кои се уште не се одбрени. (Доколку имате на ум некој говорник кој може да сподели идеја, предложете го за говорник на TEDxSkopje.)
Виртуелното момче Мајло прв пат се појави кога беше претставен Microsoft Kinect контролерот (познат и како project Natal). Контролерот на Microsoft реагира на движења, без потреба на тастатура и глувче.
Wikileaks во своето кратко 4 годишно постоење има објавено повеќе доверливи документи одошто сите медиуми во светот заедно, вели Џулиан Асанж, основачот на Wikileaks, во интервју за TED.
Објаснувајќи за како преку друштвените мрежи дознал за некои уникатни бразилски птици и досадни коментатори, Етан Зукерман, ко-основачот на Global Voices Online, вели дека има неколку нешта што можат да се научат од друшвените мрежи.
Идеи кои вредат да се споделат е мотото на инспиративната TED конференција, настан кој наскоро може да го видиме и во Скопје. Иницијативата за локален TED настан стартуваше пред некој месец, а неодамна беше одобрена и лиценцата за TEDxSkopje со што идеја се приближи поблиску кон реализиран настан каде истакнати личности од Македонија ќе го споделат своето искуство и знаење.
Клај Ширки, професор по ИКТ на New York Универзитетот, објаснувајќи го Ushahidi, платформа со отворен код за автоматско генерирање информации и нивна визуелизација, вели дека овој проект не би бил можен без дигиталната технологија и без човечката великодушност.
Можеби никогаш не сте чуле за 4chan, но сигурно сте се сретнале, на еден или друг начин, со интернет феномените поттикнати од форумот. Мемињата RickRoll'd и lolcats, Anonymous борбата против скиентологијата и многу други интернет феномени, сите дојдоа од чудниот свет на 4chan, кој еднаш беше опишан од Guardian како „лудаци со детско однесување... брилијантни, апсурдни и затрашувачки“.
Сигурно се сеќавате на кул компјутерскиот интерфејс кој Том Круз го користи во „Minority Report". Тој интерфејст пости и е креација на Џон Ундеркофлер.
The Webby Awards се нешто како интернационални веб Оскари каде се наградува достигнувањето во веб дизајнот, интерактивниот маркетинг, онлајн медиуми, видео и музика, како и мобилната технологија.
Сето знаење може да се пресмета. Oва е размислувањето на Стивен Фолфрам, основач на Wolfram|Alpha и Matematica, кој во својата презентација на TED конференцијата објаснува дека за да се дојде до човечкото знаење и информација мора да се пресметува (computе), односно знаењето треба да може да се пребарува и користи.
Денис Хонг е основач на лабораторија за роботика RoMeLa при Virginia Tech универзитетот. Toj во својот говор на TED конференцијата зборува за 7 наградувани вида на роботи. Не сите роботи се хуманоиди како DARwIn фудбалскиот робот на RoMeLa, туку можат да имаат амебична форма или да личат на пајаци.
Ние трошиме 3 милијарди часа дневно во играње онлајн игри? Тоа не е доволно, ни треба 21 милијарди часа посветени на гејминг за да може да го спасиме светот, вели Џејн МкГонигал од Институтот за иднината во својот говор на престижната TED конференција.
Aко ги ставиме информациите на мрежата, научни, владини, истражувачки податоци, други луѓе ќе ги искористат да направат нешто убаво, нешто што не можеле ни да го замислат – вака сир Тиме Бернерс-Ли, таткото на www мрежата, се обрати на престижната TED конференција, наведувајќи одлични примери за како се користат тие „отворени сирови информации“ меѓу кои […]
Моќта на технологијата, како блоговите, значи дека светот не е веќе воден од елитата, рече британскиот премиер Гордон Браун во својот говор на TED Global конференцијата. Појавувањето на г-дин. Браун на конференцијата беше изненадувачки бидејќи на ТЕD, кратко од Тechnology, Entertainment, Design зборуваат врвни мислители, иноватори и научници, секој експерт во своето научно поле. Можеби и Гордон Браун како експерт во политика, а не како политичар?
Трчајќи 110 километри низ Сахара, екстремниот спортист Реј Захаб станува свесен дека светот има проблем со недостаток на вода. Тој станува свесен дека тие проблеми најмногу влијаат на младите. Затоа за да ја подигне свеста за екологијата тој се одлучува на авантура кон Јужниот пол. За таа негова авантура на Антартика, која евентуално ќе заврши […]