Написи тагирани со Софтвер

364 написи
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Google го купи 3D десктопот на BumpTop

Google ја купи BumpTop Теchnologies Inc. компанијата зад BumpTop апликацијата која го претвара стандардниот десктоп во 3D работна табла на која фајловите ги следат физичките правила како да се документи на реална работна маса.

0 коментари Прочитај 3 мај, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Хакери стартуваа Android на iPhone

iPhone Dev тимот успеа да го хакне iPhone и при стартување на телефонот, кој сега е dual-boot, се добива опција за избирање на оригиналниот Apple-ов iPhone оперативен систем или комплетно функционален Android, Linux базиран ОС, преку кој се праќаат СМС пораки и се вртат телефонски повици.

0 коментари Прочитај 22 април, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

Хакерскиот напад врз Google го таргетирал сервисот за лозинки

При истражувањето на кинеските хакерски напади врз Google се откри дека хакерите целале кон Gaia сервисот за лозинки на гигантот кој ги контролира сите кориснички пристапи до сите сервиси на Google вклучувајќи го имејл и бизнис сервисите.

1 коментар Прочитај 20 април, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Софтвер

Intel го престави мобилниот ОС – MeeGo 1.0

MeeGo е мобилен оперативен систем базиран на Linux, и овој слободен софтвер прв пат беше најавен на Светскиот конгрес за мобилна технологија 2010 како заеднички проект составен од мобилните ОС Moblin на Intel и Maemo на Nokia.

0 коментари Прочитај 15 април, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

Google го подобри Docs, воведе едитирање во реално време

Google го подобри својот Docs сервис збогатувајќи го етирот за документи со додатни опции меѓу кои и едитирање во реално-време, односно можете да ги гледате сите промени до најмалиот знак. Додаден е и чат од страна со цел да се разговараат промените.

0 коментари Прочитај 14 април, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Форум: Сопствен vs. Слободен софвер

Спремав за факултет презентација на тема Free and Open Source Software и истражувајќи се најдов во дилема. Разгледувајќи го историјатот на слободниот софтвер, неговата дефиниција, филозофска основа и развој, почнав да размислувам за тоа дали сакам мојот софтвер да биде слободен. Според дефиницијата слободен е софтверот кој нема ограничување на користењето, дистрибуцијата и модификацијата, со цел да се проучи, подобри, развие и продолжи неговата основа, т.е. да продолжи да биде слободен софтвер....

0 коментари Прочитај 12 април, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Adobe го објави Photoshop CS5

Аdobe го објави Creative Suite 5 пакетот кој ги содржи професионалните програми како Photoshop, DreamWeaver, Illustrator, inDesign...

10 коментари Прочитај 12 април, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Со Lorentz до помалку срушувањa на Firefox

Mozilla ја објави бета верзијата на Firefox Lorentz, алатка која ќе го спречи срушувањето на прелистувачот поради плагин грешка. Доколку плагин како Adobe Flash, Apple QuickTime, Java или Microsoft Silverlight направи проблем Lorentz ќе го локалазириа табот, наместо да се сруши целиот прелистувач.

3 коментари Прочитај 12 април, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Софтвер

Новиот iPhone 4.0 ОS со мулти-таскинг

Apple конечно сфати дека ако другите можат да имаат мулти-таскинг опција, тогаш може и нивниот iPhone. „Moжеби не сме први, но ќе бидеме најдобри.“ рече Стив Џобс, директорот на Apple при преставувањето на новиот iPhone 4.0 oперативен систем.

1 коментар Прочитај 9 април, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Софтвер

Пиратеријата ќе отпушти 1.2 милиони луѓе во Европа?

Поради пиратеријата, ширум Европа можат да се затворат 1.2 милиони работни места и бизнисите да имаат 240 милијарда евра загуба до 2015 година, се вели во извештајот на TERA Consultants подржан од Интернационалниот совет за трговија и од Европската Унија.

1 коментар Прочитај 18 март, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети

Цртајте со веб базираниот Sketchpad

Sketchpad е веб базирана апликација за цртање базирана на canvas, HTML5 елементот. (слично како и Harmony). Апликацијата има интересен интерфејс кој може да си го уредите како сакате, a за цртање има доста основни опции и голем избор на нијанси и текстури.

0 коментари Прочитај 12 март, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Google стартува продавница за бизнис апликации

Google Apps Marketplace е место за девелоперите директно да ги продаваат своите апликации на клиентите на Google. На самиот почеток околу 50 софтверски компании се заинтересираa да ги закачат своите бизнис апликации на „облакот“. Апликациите ќе бидат интегрирани во веб базираните Google Apps како на пример Google Docs.

0 коментари Прочитај 10 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Вести ИТ.МК

Стартуваше новиот Zero Science Lab

Zero Science Lab e македонска лабораторија за истражување и развој на ИТ безбедноста. Лабораторијата од денеска стартува со нов 2.0 дизајн и е отворена за соработка за пронаоѓање на софверски ранливости и подобрување на безбедноста.

0 коментари Прочитај 22 февруари, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Мобилен, навигација и аугментирана реалност

Благодарејќи на GPS ние знаеме каде сме и каде се останатите нешта околу нас. Благодарејќи на камерите можеме да ги покажеме тие места. Но, во тие мапи и слики фалат информациите. Тука се вмешува дигитално проширената реалност или аугментираната реалност.

0 коментари Прочитај 2 февруари, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Статии

iPhone апликации – Made in Macedonia

Македонската компанија Веником, која на пазарот постои веќе 15 години и воглавно се занимава со развој на апликативен економски и медицински софтвер, од неодамна создаде посебен тим со кој започна да произведува комерцијални iPhone апликации. Првата апликација која беше претставена на пазарот од компанијата е наречена iSeeYou и претставува навигациска алатка која овозможува лесно и приватно споделување на локацијата со пријателите и роднините.

1 коментар Прочитај 23 септември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Судот и нареди на Mininova да брише пиратски торенти

Холандскиот суд му нареди на популарниот торент сајт Mininova.org да ги избрише сите .torrent фајлови кои ги прекршуваат авторските права или ќе плати казна од 5 милиони евра, по 100 евра за секој пиратски торент. Mininova беше тужена од холандската анти-пиратска организација BREIN, која ги штити авторските права на музичката и филмската индустрија.

0 коментари Прочитај 26 август, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Статии

Колку ви е важна технологијата?

<Надополнето:> Time.mk се врати на стариот дизајн. Тргнат е Fun делот и „Хардвер“, „Софтвер“ и дел од „Занимливости“ категориите се склопија повторно во една - „Технологија“. Содржината во таа категорија се уште не е ништо посебно или од голема важност, се уште е повеќе занимлива отколку релевантна. </надополнување>

0 коментари Прочитај 18 август, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Гејминг преку прелистувач

Дали би сакале да ги играте најновите игри на максимум графика без купување на скапи хардвер делови? Тогаш запознајте се со cloud computing концептот. Со кратки зборови, cloud computing e услуга преку интернет, со подолги, ова е концепт за складирање на цели оперативни системи, податоци, мултимедија на еден огромен сервер/и, до кој имате пристап преку вашиот компјутер преку интернет без да инсталирате додатен софтвер или хардвер.

0 коментари Прочитај 3 јули, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Надополнето: Изборот е Linux

Од најбрзите 20 компјутери во светот т.е суперкомпјутери, дури 19 од нив го користат Linux како оперативен систем. Само Magic Cube кој е 15 на листата е единствениот кој користи Windows. Ова е неверојатен успех за Linux и потврда за неговите можности бидејќи листата содржи 500 суперкомпјутери, а дури 60% од нив (301 суперкомпјутери) го користат овој оперативен систем. 189 користат Unix, 2 freeBSD и само еден Windows.

0 коментари Прочитај 25 јуни, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Францускиот поход против интернетот

Според весникот Le Monde, француската влада размислува за нов закон „Loppsi 2" кој ќе овозможи државата да инсталира софтвер кој ќе ги „набљудува, збира, снима, зачувува и пренесува“ сите куцања по тастатурата на компјутерот каде тој софтвер е инсталиран, односно легализација на тројански софтвер во компјутерите.

0 коментари Прочитај 20 мај, 2009
Мени
Заедница
Изглед
To top