1
iPhone апликации – Made in Macedonia
Македонската компанија Веником, која на пазарот постои веќе 15 години и воглавно се занимава со развој на апликативен економски и медицински софтвер, од неодамна создаде посебен тим со кој започна да произведува комерцијални iPhone апликации. Првата апликација која беше претставена на пазарот од компанијата е наречена iSeeYou и претставува навигациска алатка која овозможува лесно и приватно споделување на локацијата со пријателите и роднините.