Експертите велат дека Linux кој е слободен софтвер, што значи дека е со отворен и достапен код кој има потенција да се модифицира и да им служи на суперкомпјутерите за кои до сега вообичаено се креирале специјализирани оперативни системи и софтвери.
Инаку колку е брзи RoadRunner најбрзиот суперкомпјутер? „Ако
секој од 6-те милијарди луѓе земат рачен дигитрон и пресметуваат со него 24 часа на ден, 365 дена во годината, ќе треба 46 години да го направат тоа што RoadRunner го прави за еден ден“ велат од Оделението за енергија на САД, кои се власници на овој компјутер.
Еве ја листата на топ 20 суперкомпјутери, целата листа на top500.org.
Надополнето 25.06.2009:
На забелешка на Мартин Спасовски(види коментари подолу) повторно ги разгледавме податоците и се покажува дека Linux всушност се користи од 88% суперкомпјутери, не 60% како што напишавме.
„Тие 60% се Linux дистрибуции кои се специјално градени, т.е. не се SUSE, Red Hat, CentOS итн. односно дистрибуции со комерцијално име.“ вели Мартин.
Линкот од статистиката е тука, а еве како изгледа.