Skype објасни зошто беше недостапен 24 часа
Милиони корисници беа оставени на цедило откако популарниот VoIP сервис Skype се сруши и не беше достапен скоро 24 часа. Сега Skype излезе со објаснување велејќи дека проблемот настанал поради грешка во Windows верзијата по што следувале неколку последователни проблеми, за на крај да се сруши.