Написи тагирани со корисници

32 написи
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети

Стопирајте го симнувањето на YouTube видеата

Секоe YouTube видео се симнува додека го гледате. Симнувањето продолжува и доколку кликнете пауза. Ова може да биде проблем на многумина корисници кои имаат лимит на својот интернет сообраќај, пример 10 или 15 гигабајти, посебно може да биде проблем кога ќе се одбере подолго видео за потоа да се сфати дека е погрешно или воопшто не е интересно.

0 коментари Прочитај 19 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

0.mk со нова верзија и кориснички профили

0.mk, македонски сервис за кратење линкови, објави нова верзија од сервисот. Покрај новиот дизајн, додаден е блог за новостите, изменета е опцијата за прегледување на линкови, а додадена е можност да се пријави линк доколку е погрешен или ги прекршува правила.

9 коментари Прочитај 19 март, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Google стартува продавница за бизнис апликации

Google Apps Marketplace е место за девелоперите директно да ги продаваат своите апликации на клиентите на Google. На самиот почеток околу 50 софтверски компании се заинтересираa да ги закачат своите бизнис апликации на „облакот“. Апликациите ќе бидат интегрирани во веб базираните Google Apps како на пример Google Docs.

0 коментари Прочитај 10 март, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

ИТ.МК: Кој, колку и зошто го користиме интернетот?

Се појави нов извештај од GfK, компанија која врши истражувања на пазарот, со статистика за користењето на интернетот во Македонија. Извештајот е сличен со недамнешниот извештај на Заводот за статистика и покажува дека 52 отсто од македонците користат интернет, што спореден со 2008 година е раст од 2 отсто.

0 коментари Прочитај 26 ноември, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хак-атак/Приватност

Надополнето: Дали вашиот имејл е злоупотребен преку FB?

Денеска ни беше доставена листа од 18.000 имејл адреси и лозинки на Facebook корисници, од кои според адресите и лозинките, можеше да се заклучи дека голем дел се од Македонија. Преку податоците сајбер криминалците зад овој вид на измама наречен "phishing" (вид на сајбер измама преку која криминалците доаѓаат до личните податоци на корисници, најчесто лажирајќи го својот идентитет преку имитирање на кредибилни апликации, сајтови, и-мејл пораки..), е дојдено преку лажната апликација на Facebook наречена News Feed.

0 коментари Прочитај 8 септември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Кина ги забрани Twitter, Flickr…

Кина во пресртет на 4 Јуни, ден што ја одбележува 20 годишнина од демократските протести на Тиананмен плоштадот ги блокираше најпопуларните сервиси на интернет. Flickr, Twitter, Bing - новиот пребарувач на Microsoft кој беше објавен пред 3 дена, Hotmail, ... сите се недостапни од пред 3 дена, додека Blogger.com и YouTube се недостапни за кинеските корисници од мај, односно март. Блокирани се и сајтовите на странски медиуми, претежно американски како CNN и блогот HuffingtonPost.

0 коментари Прочитај 4 јуни, 2009
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Интервјуа

Интервју со Благица Ботиљеро

„Треба да се има план. Размислете како вие би направиле нешто поразлично“ вака Благица Ботиљеро ги советува сите заинтересирани да се втурнат во светот на маркетинг и консалтинг. Благица Ботиљеро има 12 годишно искуство во онлајн маркетинг и дигитални медиуми, крунисано со Еми награда во 2008 за “Извонреден напредок за интерактивност на новите/алтернативни медиуми” за […]

6 коментари Прочитај 11 мај, 2009
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано ИТ.МК

МВР не ги почитува „законите" на Facebook

Медиумите во еден здив ја проширија веста за тоа како Министерството за внатрешни работи отворило своја „неофицијална“ страна на Facebook. Одлична идеја на прв поглед, дури е консултирана и Дирекцијата за заштита на лични податоци за оваа намера, од каде што велат дека нема никакви прекршувања на законот. Но, што е со Facebook? Ги праша ли некој нив дали не се прекршени нивните "закони" и правила за приватност и дали дозволуваат владини институции да ја користат мрежата за вакви цели?

2 коментари Прочитај 6 април, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети

Која друштвена мрежа е за вас?

Друштвените мрежи сами по себе се феномен, уште во раните почетоци преку mIRC до сегашните гиганти со 170 милиони корисници (Facebook). Вистинското искуство со интернетот е да се знае кои сервиси да се користат за да се стигне до тоа што не интересира. Така можеби не ви одговара начинот на Facebook, можеби сте повеќе заинтересирани за професионална друштвена мрежа преку која се прават контакти, или пак сакате кратки и брзи разговори? Подолу ќе најдете неколку друштвени мрежи и се надевам ќе ја најдете таа што највеќе ви се допаѓа и ќе го искористите своето онлајн време уште поквалитетно.

0 коментари Прочитај 27 март, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Дали е можен македонски Twitter?

Дали сајт/сервис како Twitter само на македонски би функционирал во Македонија? Темата беше поставена на Кајмак.от по што веднаш доби негативни критики дека сервисот не би успеал, дека ќе заврши како некои други македонски сервиси на кои се објавуваат содржини во стил „кој колку испил“ и коментaри од видот „девојка прва класа. аа кој те сликашее тука? =) најубавааа!“ кои можат да се најдат на македонските друштвени мрежи.

0 коментари Прочитај 25 февруари, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Општо

Финансиска инекција за Shout'em, Poznanici.com се продаде

Вчера се објавија две вести за купување, односно спонзорирање на два ИТ проекти. Првин се објави веста дека српската друштвена мрежа Poznanici.com е купена од Daily Mail со 51% удел во компанијата за сума која што не е објавена. Poznanici.com е популарна друштвена мрежа со преку 100.000 регистрирани корисници и 1.5 милион клика дневно.

0 коментари Прочитај 20 декември, 2008
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Надополнето: Ограничен интернет и во САД?

Интернет provajderite Time Warner Cable Inc. и Frontier Communication Inc. објавија дека ќе го ограничат интернет сообраќајот на пакети, навидум слични на оние кои ги имаме во Македонија, овозможени од Т-Хоум и Он.нет - на 5, 10, 20 и 40 ГБ и планираат да наплатат по 1$ за секој додатен гигабајт. (Просечна цена на интернет и телефонска претплата е околу 65$ за месец)

0 коментари Прочитај 29 август, 2008
Мени
Заедница
Изглед
To top