Написи тагирани со iPhone

352 написи
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Татко и син лансираа iPhone во Вселената

Лик Геисбулер и неговиот син од Бруклин лансираа iPhone и HD камера во вселената, поточно 30 километри во стратосферата. Нивната мисија беше да ја снимат „темнината над Земјата“ со HD видео камера. За таа цел тие наполнија атмосферски балон со хелиум и на него закачија кутија за iPhone-от и камерата која го сними целиот пат до горе и назад. Во стратосферата поради недостиг од атмосферски притисок балонот евентуално пука, паѓа назад, при што се отвара падобран, и слетува успешно 30 километри оддалечен од местото на лансирање по што е лоциран благодарение на GPS технологијата на iPhone-от.

7 коментари Прочитај 18 октомври, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Apple ја стартува Ping друштвената мрежа за музика

Ping е друштвена мрежа за споделување музика, но не пиратско споделување, туку споделување информации со пријателите за што корисникот слуша во моментот или на кој концерт ќе оди. Друштвената мрежа нема да биде поврзување на пријателите како што е на Facebook, туку ќе може да следите луѓе и нивни плејлисти, налик на Twitter. Ping ќе биде достапен на iTunes и iPhone и iPad уредите.

0 коментари Прочитај 2 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

EpicWin, iPhone апликација за претварање на обврските во игра

EpicWin е iPhone апликација со креативна идеја секојдневните обврски да станат забавна и друштвена игра во која добивате поени за секоја завршена работа, да добивате поени и подароци.

0 коментари Прочитај 23 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Мобилни

Претставен oд Chrome на Phone додатокот

Google ги претстави од Chrome на Phone додатокот со кој инстантно праќате линкови, YouTube видеа, мапи од прелистувачот на вашиот Android 2.2 (Froyo) телефон. (наjaвен е и oд Chrome на iPhone)

0 коментари Прочитај 12 август, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

iPhone корисниците имаат повеќе секс од тие со други паметни телефони

Истражувајќи кои фотографии им се допаѓаат на луѓето, OkCupid дојде до интересен податок - iPhone корисниците имаат двојно пати повеќе секс од корисниците на Android, што според друштвената мрежа за состаноци е „статистички податок дека корисниците на iPhone не се само подебувани од Apple.“

1 коментар Прочитај 12 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Google ги претстави новите мобилни реклами со локација

Google ги стартува визуелни мобилни реклами со локација за Android и iPhone. Доколку кликнете на рекламите се отвора мапа која покажува каде се наоѓа бизнисот и на мапата има два избора: дирекции до бизнисот или повик кон бизнисот. Google ќе наплаќа само доколку некој кликне за дирекции или се јави кон бизнисот.

0 коментари Прочитај 30 јули, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Google е единствениот крал на мобилното пребарување

Google има неверојатни 98.29 отсто од глобалното мобилно пребарување, покажуваaт најновите бројки на StatCounter. На второ место е Yahoo со 0.8 отсто.

0 коментари Прочитај 30 јули, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Аpple со рекорден профит, iPad за малку ќе го надминеше Mac-от

Благодарение на iPad-от и iPhone 4, и покрај инцидентот со антената, популарноста на Apple-овите уреди расте, а компанијата забележува рекордни профити.

0 коментари Прочитај 21 јули, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Со Skies of Glory Android и iPhone корисниците се натпреваруваат меѓу себе

Skies of Glory играта на SGN која првично беше за iPhone, сега е достапна и за Android со што играчите од двете платформи можат да се натпреваруваат меѓу себe поврзувајќи се преку WiFi или Bluetooth.

0 коментари Прочитај 20 јули, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Не може да се одлучите? Прашате го октоподот Пол кој сега е на iPhone

Со 8 од 8 погодени победници октоподот Пол стана атракција на Светското фудбалско првенство. А сега, малиот прогнозер продолжува да погаѓа резултати од секојдневието преку мобилна апликација за iPhone, iPad и iPod Touch.

0 коментари Прочитај 16 јули, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

ИТ анкета: Android e oмилениот мобилен ОС

Со 209 гласа Android е омилениот мобилниот оперативен систем на читателите на It.com.mk. Од 586 гласови Android доби 36 отсто или 209 гласа, и се најде пред iPhone ОС (сега iOS) кој доби 142 гласа односно 24 отсто, односно пред Symbian кој доби 114 гласа односно 19 отсто.

0 коментари Прочитај 5 јули, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Свет

Наградените апликации на Apple Design Awards

За да биде добра апликација треба да е технички одлична, иновативна и да се адаптира на технологиите, вели Apple на WWCD објавувајќи ги десетте победнички апликации во две категории, апликации за iPad и за iPhone. Но не се наградија апликациите за Mac што изреволтира неколку програмери.

0 коментари Прочитај 10 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Хак-атак/Приватност

Android 2.2 Froyo на хакнат iPhone

Не можев да одолеам да го видам Froyo на iPhone. И погодете што? Мојот iPhone 3G доби Froyo!, пишува хакерот _jiga на својот iFroyo блог. Со Andorid 2.2 на iPhone може да се вртат повици и да се праќаат СМС пораки, но не подржува Wi-Fi и се загрева многу за само неколку минути.

0 коментари Прочитај 9 јуни, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Интервјуа

Првата идеја беше таблет, потоа iPhone, Стив Џобс интервју на D8

Нa D8 конференцијата AllThingsDigital направи интервју со шефот на Apple, Стив Џобс. Разговорот се водеше за се и сешто, за односот со Adobe и Flash, за станување втораа најбогата компанија проаѓајќи го Microsoft, за iPad-oт при што г-дин. Џобс откри дека првичната замисла била да се направи таблет уред, но функционалноста овозможила да се роди iPhone-от, се зборуваше и за Gizmodo и украдениот 4G iPhone...

1 коментар Прочитај 2 јуни, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Google го купи AdMob

По одобрувањето од американската Федерална комисија за трговија, сега е официјално - Google се вклучи во мобилното рекламирање со купување на AdMob платформата за 750 милиони долари. Google вели дека мобилниот маркетинг зазема се поголем дел од стратегиите на нивните партнери и клиенти, па така таа станува централен дел од нивниот бизнис.

0 коментари Прочитај 28 мај, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Свет

Зголемена продажба на мобилните телефони во светот

Светската продажба на мобилни телефони достигна 314 милиони парчиња во првиот квартална 2010 година, 17 отсто пораст споредено со истиот период лани, според истражувањена Gartner.

0 коментари Прочитај 19 мај, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

Идејата за iPad e на Бил Гејтс?

Gizmodo отвори интересна тема - кој е поголем визионер, Бил Гејтс или Стив Џобс? Кога на All Thigs Digital во 2007 година го прашаа Бил Гејтс што е иднината на компјутерите за 5 години, Бил Гејтс не двоумејќи се одговори дека тоа се таблет компјутерите.

0 коментари Прочитај 19 мај, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

Adobe ја разгорува Flash дискусијата со „Го сакаме Apple" реклами

Adobe стартуваше кампања „за избор“ објавувајќи реклами „Го сакаме Apple“ со дополнителен текст „Но не сакаме кога некој ја зама вашата слобода да одберете што креирате, како го креирате и како го доживувате тоа на мрежата“.

1 коментар Прочитај 14 мај, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Apple ќе го интегрира Facebook во новиот iPhone

Како и своите конкуренти Apple ќе овозможи синхронизација на Fаcebook контактите во iPhone, пренесува Business Insider, додавајќи дека тоа ќе биде откриено на 7 јуни на Apple конференцијата за девелопери каде ќе се престави и новиот iPhone.

1 коментар Прочитај 13 мај, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Мобилни

Со Squаre плаќањето со кредитни картички оди преку мобилен

Square е апликација за трансакции преку мобилен телефон која од денес е достапна за iPhone и Аndroid. Идејата е едноставна. Вие сте во ресторан и е време да платите, преминувате со кредитната картичка преку малиот коцкаст читач закачен на мобилен телефон на трговецот, трансакцијата се процесира, се потпишувате на мобилниот, можете да го сликате тоа […]

1 коментар Прочитај 11 мај, 2010
Мени
Заедница
Изглед
To top