iPhone корисниците имаат повеќе секс од тие со други паметни телефони

1 коментар 1 мин. читање

До овој графикон, за кој бројките се земени само од 30 годишните луѓе, се дојде случајно во истражувањето на OkCupid за колку е привлечен корисникот на фотографија. Истражени се над 500.000 слики и се собрaни над 11.4 милиони мислења за што е добра фотографија.

Истражувањето покажа дека вашиот изглед и привлечност на фотографија не зависи само од вашиот изглед и привлечност, туку од неколку надворешни фактори. Прво најважно е квалитетот на фото апаратот, конкретно Panasonic > Canon > Nikon. Втор важен аспект е користењето на блицот, за кој OkCupid вели дека додава 7 години. Ги истакнува брчките, дамките на лицето, ги прави очите црвени. Трето кога се сликате за најдобро е да се замагли позадината и да се истакне лицето. Постојат и „пик“ моменти во денот кога треба да се направи фотографијата.

„Техниката може да ви ја направи или искриви фотографијата, и правата одлука може да ви донесе повеќе состаноци.“ вели OkCupid советувајќи ги самците да научат малку за фотографијата.

„Всушност не е толку тешко. Користете добар апарат. Олабавете со блицот. Контролирајте ја позадината. Сликајте се на пладне. Потоа посетете ja најблиската Apple продавница. Толку.“

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед