Написи тагирани со интернет

217 написи
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Twitter е потребен за протестите

(© http://www.flickr.com/photos/mousavi1388/) Незадоволни од повторното избирање на Махмуд Ахмадинеџад како претседател на Иран, веќе два дена низ улиците на Техеран, активисти и приврзаници на Мир-Хосеин Мусафи, против-кандидатот на претседателот Ахмадинеџад, се судрија со полицијата. Според активистите резултатите од изборите се наместени за да победи досегашниот претседател Ахмадинеџад кој во својата кампања ја искористи „Yes, you can“ паролата на Барак Обама, претседателот на САД.

0 коментари Прочитај 17 јуни, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Кина ги забрани Twitter, Flickr…

Кина во пресртет на 4 Јуни, ден што ја одбележува 20 годишнина од демократските протести на Тиананмен плоштадот ги блокираше најпопуларните сервиси на интернет. Flickr, Twitter, Bing - новиот пребарувач на Microsoft кој беше објавен пред 3 дена, Hotmail, ... сите се недостапни од пред 3 дена, додека Blogger.com и YouTube се недостапни за кинеските корисници од мај, односно март. Блокирани се и сајтовите на странски медиуми, претежно американски како CNN и блогот HuffingtonPost.

0 коментари Прочитај 4 јуни, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Иднината на весниците, според Руперт Мурдок

„Верувам дека весниците ќе наплаќаат за нивната онлајн содржина“ рече Руперт Мурдок, медиа могулот, во интервју за Fox News Business Channel на кое зборуваше за иднината на весниците. „Весниците трчаа кон интернетот за да добијат и привлечат поголема публика и внимание кон себеси, но тоа им наштети. Сега тие ќе треба да се повлечат и да речат 'Еј, ние ќе треба да наплаќаме за ова'." вели г-дин. Мурдок.

0 коментари Прочитај 30 мај, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Францускиот поход против интернетот

Според весникот Le Monde, француската влада размислува за нов закон „Loppsi 2" кој ќе овозможи државата да инсталира софтвер кој ќе ги „набљудува, збира, снима, зачувува и пренесува“ сите куцања по тастатурата на компјутерот каде тој софтвер е инсталиран, односно легализација на тројански софтвер во компјутерите.

0 коментари Прочитај 20 мај, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Надополнето: Објавен пребарувачот Wolfram|Alpha

Замислете пребарувач како Google, но кој наместо да ви ги достави резултатите на неколку различни страни со линкови кои можеби го содржат она што го барате, ќе ја прескокне таа процедура и директно ќе ви одговори на вашето прашање... Стефен Волфрам, креаторот на софтверот Mathematica и основач и директор на компанијата Wolfram Research, заедно со околу 100 вработени се обидува да создаде нов вид на пребарувач кој ќе одговара на прашања во кои се бараат факти.

0 коментари Прочитај 18 мај, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Интервјуа

Поглед од другата страна – интервју со хакер

Сајбер-војна или обично препукување? На почетокот на овој месец се појавија два инциденти кои вклучуваат хакерски упади и претседателски сајтови. Прво беше хакнат сајтот на македонскиот претседател Бранко Црвенковски oд хакерската група Kosova Hackers Group (KHG). Taa вест се појави на националните медиуми со извичник на крај на насловот. Извичникот значи нешто сериозно, како на пример, упад на претседателски сајт, сајт на највлијателниот човек во една земја. Евентуално пораката на KHG оставена на сајтот на македонскиот претседател беше тргната. Но проблемот со безбедноста на важни сајтови застана тукa.

4 коментари Прочитај 16 мај, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Надополнетo: Објавена официјалната судска одлука за Pirate Bay

Шведскиот суд во Стокхлом ја соопшти пресудата. Сите четворица членови на тимот на The Pirate Bay се виновни бидејќи олеснувале и промовирале пристап до содржини заштитени со авторски права. Петер Сунде, Фридрик Неиџ, Готфрид Свартхолм и Карл Лундстром: сите прогласени за виновни и осудени на 1 година казна затвор.

0 коментари Прочитај 28 април, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети

Која друштвена мрежа е за вас?

Друштвените мрежи сами по себе се феномен, уште во раните почетоци преку mIRC до сегашните гиганти со 170 милиони корисници (Facebook). Вистинското искуство со интернетот е да се знае кои сервиси да се користат за да се стигне до тоа што не интересира. Така можеби не ви одговара начинот на Facebook, можеби сте повеќе заинтересирани за професионална друштвена мрежа преку која се прават контакти, или пак сакате кратки и брзи разговори? Подолу ќе најдете неколку друштвени мрежи и се надевам ќе ја најдете таа што највеќе ви се допаѓа и ќе го искористите своето онлајн време уште поквалитетно.

0 коментари Прочитај 27 март, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Дали е можен македонски Twitter?

Дали сајт/сервис како Twitter само на македонски би функционирал во Македонија? Темата беше поставена на Кајмак.от по што веднаш доби негативни критики дека сервисот не би успеал, дека ќе заврши како некои други македонски сервиси на кои се објавуваат содржини во стил „кој колку испил“ и коментaри од видот „девојка прва класа. аа кој те сликашее тука? =) најубавааа!“ кои можат да се најдат на македонските друштвени мрежи.

0 коментари Прочитај 25 февруари, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Општо

Финансиска инекција за Shout'em, Poznanici.com се продаде

Вчера се објавија две вести за купување, односно спонзорирање на два ИТ проекти. Првин се објави веста дека српската друштвена мрежа Poznanici.com е купена од Daily Mail со 51% удел во компанијата за сума која што не е објавена. Poznanici.com е популарна друштвена мрежа со преку 100.000 регистрирани корисници и 1.5 милион клика дневно.

0 коментари Прочитај 20 декември, 2008
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Статии

Победниците на LеWeb '08

Подолу ќе пронајдете неколку нови компании, вклучувајќи ги и победниците, кои се појавија на петтата LeWeb конференција која се одржа во Париз на 9-10 декември. LeWeb првпат се одржа во 2005 година и од тогаш конференцијата привлекува голем број на нови проекти, односно проекти/фирми почетници во ИТ светот.

0 коментари Прочитај 15 декември, 2008
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Статии

Барак Обама и ИТ

Во вторник 23 часот источно-централно време во САД, 5 часот наутро среда во Македонија, Барак Обама беше изгласан за претседател на САД. Светот го одбележа денот како историски. Прв пат црнец влезе во Белата куќа. Првпат на телевизија се презентираше холограм технологијата. Прв пат интернетот одигра главна улога во изборите кои целиот свет ги пратеше скоро 2 години.

0 коментари Прочитај 6 ноември, 2008
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Надополнето: Ограничен интернет и во САД?

Интернет provajderite Time Warner Cable Inc. и Frontier Communication Inc. објавија дека ќе го ограничат интернет сообраќајот на пакети, навидум слични на оние кои ги имаме во Македонија, овозможени од Т-Хоум и Он.нет - на 5, 10, 20 и 40 ГБ и планираат да наплатат по 1$ за секој додатен гигабајт. (Просечна цена на интернет и телефонска претплата е околу 65$ за месец)

0 коментари Прочитај 29 август, 2008
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Статии

Twitter: целосен водич

Twitter е сервис за микро-блогирање, односно објавување на постови до 140 карактери. Пораките можат да бидат објавени директно од веб прелистувач, ИМ клиент, СМС, е-маил или пак некоја десктоп апликација наменета за тоа. На исти начини може да одберете и да ги добивате постовите на луѓето, кои според јазикот на овој сервис, "ги следите". Првично наменет за полесна и побрза комуникација, Twitter се покажа како доста корисен сервис за брзо информирање, по што беше прифатен од многу интернет корисници, но и од големи медиумски имиња и компании.

0 коментари Прочитај 2 август, 2008
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Интервјуа

Интервју со Александар Стојановски (Jooce.com)

Сервисот Jooce.com е едноставно решение за сите сајбер номади кои секогаш се наоѓаат на различен компјутер. Овој приватен, он-лајн десктоп е сигурен интернет комуникациски портал каде што може да слушате музика, да споделувате фајлови, да зборувате со вашите пријатели преку разните ИМ клиенти, да користите е-маил во едноставна платформа наменета за тоа, да организирате фајлови […]

0 коментари Прочитај 24 мај, 2008
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Интервјуа

Интервју со Robin Hamman од BBC

Ни пропадна планот “на големо” да известуваме за блогерската конференција Глокал 2.0 која се одржа на Њујорк Универзитетот во Скопје од 8 до 10 Мај. Конференцијата дефинитивно си доби внимание од блогосферата и медиумите, а повеќе информации за како се одвиваше и што беше презентирано можете да прочитате на официјалниот блог на Глокал 2.0, а […]

0 коментари Прочитај 20 мај, 2008
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Интервјуа

Интервју со Иво Ивановски

Во Декември, 2006 година, Владата го избра М-р Иво Ивановски за министер без ресор задолжен за развој на информатичкото општество во Македонија. Иво, кој е роден во Битола, има дипломирано на американскиот универзитет Охајо Стејт во 2000 година, а својата магистратура во насоката хардверски инжинеринг ја стекнал во 2003 година.

0 коментари Прочитај 18 април, 2008
Мени
Заедница
Изглед