Интервју со Robin Hamman од BBC

Ни пропадна планот “на големо” да известуваме за блогерската конференција Глокал 2.0 која се одржа на Њујорк Универзитетот во Скопје од 8 до 10 Мај. Конференцијата дефинитивно си доби внимание од блогосферата и медиумите, а повеќе информации за како се одвиваше и што беше презентирано можете да прочитате на официјалниот блог на Глокал 2.0, а на Flickr можете и да ги погледнете сликите од разни корисници преку заедничкиот таг Glocal20.

Лично присуствував на првиот ден од конференцијата, но поради оправдани причини не бев во можност да се појавам и во наредните денови. Додека бев таму, морам да кажам дека организацијата и презентерите беа супер, со мала забелешка за сите оние кои на PowerPoint презентациите имаа ставено параграфи место клучни зборови и читаа од хартија место да презентираат. Генерално се помина во најдобар ред тој прв ден, а од тоа што слушнав и прочитав, и останатите 2 дена поминале супер.

Еден од првите презентери беше Robin Hamman, новинар и уредник на блогосферата на BBC. Човекот навистина си има дар за презентирање и неговата презентација се состоеше од како BBC ги користи мрежите за социјално вмрежување и блоговите. Целата презентација е достапна тука.

Во една од паузите, имав можност да седнам со Robin и да си помуабетиме за социјалните вмрежување и новите медиуми. Интервјуто го снимав со вградена веб камера од мојот лаптоп (така ќе се снаоѓаме додека не најдеме подобро) така да квалитетот на аудиото се потрудив преку разни програми да го подобрам, а видеото е оптимизирано заради состојбата на интернетот во нашава земја.

Интервјуто е на англиски јазик, а деновиве ќе следи и текстуална верзија преведена на македонски. Исто така ќе се обидам да го презентирам видеото на подобар начин.
Видеото е со времетраење од 33 минути.

Повелете:

Директен линк до видеото е достапен тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk