Facebook со филтри за споделената содржина
Некои корисниците на Facebook забележале нов филтер за содржина на својот стрим со вести, пишува Inside Facebook.
Некои корисниците на Facebook забележале нов филтер за содржина на својот стрим со вести, пишува Inside Facebook.
Chrome веб продавницата за апликации најверојатно ќе стартува во октомври, рече Google-овиот застапник за развој на игри, Марк ДеЛура на презентација на Gamescom, објавена од 1up.com. Стартувањето на веб продавницата за апликации може да значи дека наскоро (т.е после октомври) ќе стартува и Chrome оперативниот систем?
Igrici.mk е ново место каде може да се прочита за најновиите и „најдобрите игрици“, за новитетите и за најавите во гејмерскиот свет. Сајтот покрај рецензиите и најавите за PC игрите, како и конзолите xBox и PlayStation и мали веб игрички има категорија и за Nintendo Wii, и интересно и за мобилните телефони и iPhone. Хмм, можеби фали и категорија за Facebook игри? :)
Ние трошиме 3 милијарди часа дневно во играње онлајн игри? Тоа не е доволно, ни треба 21 милијарди часа посветени на гејминг за да може да го спасиме светот, вели Џејн МкГонигал од Институтот за иднината во својот говор на престижната TED конференција.
Тимот ENTITY на регионалниот турнир во Counter Strike KODE5 во Србија го освоија првото место, со што се квалификуваа за големото финале на ова натпреварување кое ќе се одржи во Моска на 9-10 Мај. Следи интервјуто со тимот на ENTITY, или Александар Киселинов (helius), Јован Каланоски (KaLaN), Ангел Грозданоски (eRRor), Ѓоко Лабоски (aIm1ghty) и Алтај […]
Денеска гејминг индустријата прави профит поголем од тој на музичката и филмската индустрија заедно. Видео игрите се појавија и на мобилните, најуспешните iPhone апликации се видео игри. Просечната старост на гејмерите е од 25-30 години. Неодамна и ЕУ ги одобри игрите како добро нешто за децата за да развиваат вештини и креативно размислување.
Во една од теориите за почетокот на универзумот научниците велат дека имало „ништо“ и по големиот бенг настанал универзумот. Во гејминг светот големиот бенг во натпреварувачките игри е Quake Arena. Добро, имаше и мали претходни „ништа“ но Quake Arena го постави теренот за игри како CounterStrike и Halo, кои денес прераснаа во е-спорт.
Во тек се два големи настани за гејмерската заедница во светот. Првиот е BlizzCon 2008, настан кој го организира Blizzard каде се промовираат нивните игри како Diablo III, WoW, Starcraft II. Вториот е Tokio game show 2008 саемот. Додатно на тие настани е и веста дека во наредниве месеци ќе се промовира и друштвената мрежа WorldGaming.com, слична на Facebook и MySpace, но за гејмери кои ќе имаат шанса да се натпреваруваат на разни платформи за пари.
Читајќи го текстот „Интернет кафулињата се преполни со гејмери“ на страната на А1, неможев да се воздржам и да не го прокоментирам. На кратко, текстот ги карактеризира гејмерите како луѓе кои висат по цели денови по интернет кафеа и играат агресивни игри во кои треба да се пука, руши и убива по што и самите стануваат агресивни и губат чувство за тоа што е реално, а што виртуелно. А да, во текстот има и мислења од „експерти“.