1
Македонските медиуми се преполни со глупости
Читајќи го текстот „Интернет кафулињата се преполни со гејмери“ на страната на А1, неможев да се воздржам и да не го прокоментирам. На кратко, текстот ги карактеризира гејмерите како луѓе кои висат по цели денови по интернет кафеа и играат агресивни игри во кои треба да се пука, руши и убива по што и самите стануваат агресивни и губат чувство за тоа што е реално, а што виртуелно. А да, во текстот има и мислења од „експерти“.