Написи тагирани со гејминг

960 написи
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Статии

Профит vs. квалитетни игри…

Добрата игра за гејмерите е како добро напишана книга или привлечен филм. Не привлекуваат со приказната, карактерите, новите идеи, но најмногу не вовлекува во сосема нов и друг свет. Една од моите омилени игри Heroes of Might and Magic e направена од двајца ентузијасти, имаше никаков едноставен звук, графиката за денешни услови е ужасна, но имаше солидна митолошка подлога и добро обработен фантастичен свет.

3 коментари Прочитај 27 април, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Среќен 20-ти роденден Blizzard Entertainment!

Едно од најголемите и највлијателните гејминг студија Blizzard наполни 20 години. Студиото стартувано од 1991-ва по Silicon & Synapse ги направи неверојатните гејминг хитови: the Lost Vikings, Diablo, Starcraft, Warcraft и најмасовната онлајн игра Wolrd of Warcraft, а наскоро се очекува и Diablo 3 и новата онлајн игра Titan за која Blizzard вели дека ќе биде поголема од WoW бидејќи „ја знаат, веќе ја играат“.

0 коментари Прочитај 9 март, 2011
Редакција
1
Avatar photo Александар Киселинов Блог ИТ.МК

ENTiTY ве наградува Zowie Gear G-RF подлога за глувче!

<Надополнето>Честитки до Миле Данев! Имаше неколку точни одговори, па се искористи програмче за случаен (random) избор.   ENTiTY, најдобриот македонскиот Counter-Strike тим, e на WGF турнирот во Црна Гора, каде се натпреварува за 5.000 евра. Како дел од поддршката за тимот и дел од играта, целта е да се погоди кои тимови ќе завршат на финалните топ 3-те места, по прав редослед, на CS натпреварот во Црна Гора. За тие кои сакаат да нé следат и да добијат повеќе информации за турнирот, посетете ја нашата фан страна.

85 коментари Прочитај 16 февруари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Софтвер

Наскоро PlayStation игри на Android уреди

PlayStation Suite е платформа која, за почеток, ќе ги донесе PlayStation Оne игрите на паметните уреди кои работат на Android 2.3 Gingerbread оперативен систем, што е прв пат за Sony да дозволи нивите игри да се достапни за други платформи.

0 коментари Прочитај 27 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Хардвер

Sony го претстави Next Generation Portable (PSP 2)

Sony го претстави NGP, следната генерација на портабилни уреди, продолжение на PSP 2 уредите. Се очекува NGP да се појави на пазарот до крај на 2011, и најверојатно тогаш ќе му се открие и цената. NGP ќе треба да биде сериозен конкурент на и конкурент на Nintendo 3DS кој ќе се претстави во март. Споредено со нивните претходници, Sony PSP претставен уште во 2004-та, продаде 64 милиони парчиња до денес, додека конкурентот Nintendo DS, исто претставен во 2004-та продаде двојно повеќе од тоа.

0 коментари Прочитај 27 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Историја на видео игрите (видео)

Студенти од Минхен направија видео во еден кадар во кое ја презентираа историјата на гејмингот, од играње тенис со две цртички и квадратче во 1958 година, преку Pacman во 1980-та, Donkey Kong, Sonic, Street Fighter II во 1991 година до Need for Speed, голф на Nintendo Wii и Rock Band. А што понатамо? Според минхенските студенти, сега не очекува виртуелната реалност.

0 коментари Прочитај 17 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

CES 2011: Претставени Acer Iconia таблет и лаптоп со двоен екран на допир

Тајванската Acer го претстави 10-инчниот (25cm) Iconia Tab A500 кој ќе работи на Android оперативен систем и има Nvidia Tegra-2 dual-core 1Ghz процесор. Таблетот ќе има HDMI порт, ZTE LTE безжичен модул, ќе поддржува Flash 10.1 и ќе има вграден Clear.fi систем за лесен пристап до мултимедија и нејзино споделување меѓу домашниот и мобилниот уред. Нема детали за резолуција на екранот, само е најавено дека Iconia Tab A500 e дизајниран за „HD забава“. Претпоставка е дека таблетот ќе чини меѓу 600 и 800 долари.

0 коментари Прочитај 6 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Софтвер

Контрола врз World of Warcraft со хакнат Kinect

Група истражувачи од Институтот за креативни технологии при Универзитетот од Јужна Калифорнија го хакна Kinect за да може да ги користат движењата на телото за да играат World of Warcraft.

3 коментари Прочитај 29 декември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

WoW:Cataclysm е најбрзо продаваната PC игра на сите времиња

Третото продолжение на масовната онлајн игра World of Warcraft се продаде над 3.3 милиони парчиња во првите 24 часа од стартувањето на продажбите, објави Blizzard додавајќи дека Cataclysm сега е најбрзо продаваната видео игра за PC на сите времиња надминувајќи го рекордот од ноември 2008 на... изненадување?... на Wrath of the Lich Kings, претходното продолжение на World of Warcraft.

3 коментари Прочитај 13 декември, 2010
Редакција
1
stole Друштвени мрежи

За сите прави фармери…

FarmVille на Facebook е доста популарна игра, ја играат над 80 милиони играчи месечно. Очигледно обработувањето земја, одгледувањето зеленчук, овошки и чување стока е доста примамлива забава. Секако, повеќето играчи се закачија на играта заради друштвениот аспект, споделување на достигнувањата со пријателите, но после толку време потрошено сигурно сега има и „хардкор“ гејмери...

1 коментар Прочитај 1 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

PlayStation телефон

Engadget објави слики од прототип од PlayStation Phone кој е хибрид меѓу телефон и гејминг уред. PlayStation Phone работи на Android Gingerbread оперативен систем и ќе има пристап до Sony пазар на игри од каде можат да се симнат игри дизајнирани за платформата..

2 коментари Прочитај 27 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Microsoft ќе објави веб базирана продавница за игри

Мicrosoft на 15 ноември ќе го стартува веб базираниот Games for Windows Marketplace, односно пазар преку прелистувач за игри каде корисниците ќе можат легално да си купат игри.

0 коментари Прочитај 22 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Рецензии

FIFA 11, ја бива или не?

Се објави најновата FIFA 2011. Дали е подобра од претходната? Како ќе се спореди со Pro Evolution Soccer, која е пореална, позабавна, што има ново...? Тоа се прашањата на еден куп фудбал ентузијасти, прашања кои ги одговори Fiasco објавувајќи интересна рецензија на Fifa 11 на форумот.

2 коментари Прочитај 4 октомври, 2010
Редакција
1
Avatar photo Александар Киселинов Блог

Надополнето: WCG наградна игра заврши

<Надополнето> Помина четврток и 22 часот. WCG натпреварите започнаа, а нашава игра заврши. Доколку постирате одговор, за жал, нема да се важи. Ви посакуваме добар погодок и се читаме на крај кога ќе биде прогласен победникот. Во меѓувреме следете ги ENTiTY која го победија својот прв натпревар.</надополнување>

94 коментари Прочитај 29 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo Александар Киселинов ИТ.МК Свет

Следете ги ENTiTY во живо нa WCG

По завршувањето на квалификации за World Cyber Games во Македонија, дојде време и за самото финале кое оваа година се одржува во Лос Анџелес, САД. Официјален почеток на турнирот е во четврток а ќе заврши во недела. WCG има натпреварувања во компјутерски игри (шест официјални и три промотивни), игри за Xbox (три) и мобилни игри (една).

10 коментари Прочитај 29 септември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

200 милиони луѓе играат игри, вели Facebook најавувајќи гејминг промени

Facebook во моментов одржува Gaming Event во Пало Алто на кој се откри фасцинантната статистика - 200 милиони луѓе играат Facebook игри месечно. Тоа е повеќе од 1/3 или над 40% од сите 500 милиони корисници на мрежата. Друг интересен податок е што топ 10-те игри на Facebook имаат по 12 милиони играчи секоја!

0 коментари Прочитај 22 септември, 2010
Редакција
1
Avatar photo Александар Киселинов Статии

Што е професионален гејмер?

Во оваа моја прва статија ќе ги претставам моите погледи кон тоа што е гејмер, што е професионален гејмер и разликата помеѓу македонскиот про гејмер и светскиот про гејмерот. Јас сум Александар Киселинов - helius, про гејмер и поранешен играч, а сега менаџер, на професионалниот CS тим ENTiTY, и имам искуство од поранешни големи натпреварувања како KODE5.

11 коментари Прочитај 27 август, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Статии

Сериозен ли е весникот Време со агресивниот текст за qWCG?

Колење, брутално насилство, крв, терористи... болест? Ова се неколкуте објаснувања на весникот Време за тоа што се случуваше на плоштадот Македонија во Скопје изминатиов викенд. Ќе помислите дека се водеше војна, но всушност се одржаа националните квалификации за World Cyber Games, односно натпреварувања во Counter Strike.

60 коментари Прочитај 23 август, 2010
Редакција
1
Мирослав Денковски ИТ.МК

Во живо: квалификациите за World Cyber Games во Скoпје, ден 2

Во тек e финалето на националните квалификации за WCG кој годинава ќе се одржи во Лос Анѓелес САД од 30ти Септември до 3ти Октомври. Квалификациите се одржуваат на 21ви и 22ри aвгуст на плоштадот Македонија, а се организирани од Македонската Е-Спорт Федерација, во партнерство на Македонски Телеком и Агенција за млади и спорт.

4 коментари Прочитај 22 август, 2010
Редакција
1
Мирослав Денковски ИТ.МК

Во живо: квалификации за World Cyber Games во Скoпje

Во тек се националните квалификации за WCG кој годинава ќе се одржи во Лос Анѓелес САД од 30ти Септември до 3ти Октомври. Квалификациите се одржуваат на 21ви и 22ри aвгуст на плоштадот Македонија, а се организирани од Македонската Е-Спорт Федерација, во партнерство на Македонски Телеком и Агенција за млади и спорт.

0 коментари Прочитај 21 август, 2010
Мени
Заедница
Изглед
To top