Kinect, новата гејминг платформа на Мicrosoft, овозможува безжичен гејминг без џоистици и контролори, само со движења на телото. Кinect, заедно со Nintendo Wii, се гледаат како иднина на гејмингот.
Истражувачите од калифорнискиот институт, креираа нов систем „Флексибилни движења и артикулуран скелетон“ (FAAST) каде е маркирано целото тело кое според специфичните движења пример мрдање на лева рака резултира во движење на карактерот. Тоа што е интересно кај Kinect и World оf Warcraft, е што WoW е доста комплексна игра кога бара контрола со глувче и тастатура истовремено. Обично, ваквите контролори пример Wii-то се одлични за игри со едноставен гејминг механизам.
Калифорниските истражувачи планираат да го усовршат FAAST со посложени движења за да може да се користи во медицината, пример, рехабилитација на телесните моторни вештини, и секако за уреди како Kinect кој за разлика од стандардниот-седење-пред-монитор е пораздвижен гејминг.
FAAST е слободен софтвер со OpenNI фрејмворк, и е бесплатен за некомерцијални истражување и користење.
(via 365.com.mk)
Утре го добивам кинект оваа ќе биде меѓу првите работи што ќе ги пробам :)
Не е хакнување бидејќи станува збор за open source, и ако малце побарате на youtube многумина има кој својот кинетик си го имат поврзано на компјутер. Како една од подобрите работи е што можи да снима 3D видео и со посебен софтвер да се движиш низ 3D просторот. Е сега квалитетот на сликата не е нешто нај нај.
cool : D