Совети за процесор и графичка
Ниту една реклама не може да биде толку ефективна како корисничкото искуство.
Ниту една реклама не може да биде толку ефективна како корисничкото искуство.
nCountr објави интересен туторијал како да се промени темата на Windows 7.
Колкави се платите на програмери во Македонија?
Случајно се логирав да видам колку сум потрошил минатиот месец и се изненадив од тековниот лимит. ТелеKабел ја зголемил понудата од 1 мај и сега изнесува 50 гигабајти, откри Кими Македонски, член на форумот на IT.com.mk .
Со цел полесно да дојдеме до информација за тоа што се нуди на нашиот пазар во поглед на компјутерски хардвер, најпрактично е кога IT продавниците имаат на својот веб сајт и ценовници со нивната понуда на компоненти.
Пред некој ден читав за успешно формираната Пиратска Партија на Бугарија, една од повеќето европски пиратски партии, пишува HijackHacker на форумот на It.com.mk.
Спремав за факултет презентација на тема Free and Open Source Software и истражувајќи се најдов во дилема. Разгледувајќи го историјатот на слободниот софтвер, неговата дефиниција, филозофска основа и развој, почнав да размислувам за тоа дали сакам мојот софтвер да биде слободен. Според дефиницијата слободен е софтверот кој нема ограничување на користењето, дистрибуцијата и модификацијата, со цел да се проучи, подобри, развие и продолжи неговата основа, т.е. да продолжи да биде слободен софтвер....
Здраво форумџии и гости на форумот на IT.com.mk. Сигурно забележавте дека не може да се постираат мислења на форумот, при обидот да се направи тоа се добива празна страна. Работиме на случајот да се среди проблемот што е можно поскоро.
Дизајнот пред се има цел да ја истакне разновидната ИТ содржината многу повеќе од стариот дизајн, кој иако беше поелегантен, беше и ограничен во функционалноста. Затоа се решивме за ваков нов дизајн на WordPress платформата.
Кога го стартувате Windows, оперативниот систем кој се користи од неколкумина корисници потребна ви е лозинка за да влезете во Windows-от. Влатко Дојчиноски, или FuUuUzZzZy, како што е познат на форумот, склопи одличен туторијал како да се пробиjaт тие лозинки вклучувајќи го и административниот профил т.е. профилот со кој може да се променува оперативниот систем, пример: да се инсталираат едни програми, а да се бришат други.
Неколку македонски медиуми објавија заедничко јавно писмо со кое ги опоменуваат сите веб портали и радио станици во Македонија да не преземаат нивна оригинална содржина. Еве што се вели во писмото: „На средбата одржана на 24.12.2009 присутните претставници од долупотпишаните медиуми ја утврдија штетата која произлегува од неавторизираното и неконтролираното преземање на информации од овие […]
Tutoriali.com.mk е сајт на кој можете да најдете македонски туторијали за софтвер, интернет, хардвер, Linux, Windows, програмски јазици... „Примарната цел на сајтот е развојот на ИТ културата во Македонија. На овој начин, сите ИТ корисници би научиле нешто ново, коешто ќе биде на нивен јазик и би било поразбирливо за нив, особено за оние коишто не го владеат баш најдобро англискиот јазик.“ пишува на блогот на Tutoriali.com.mk.
Неодамна добивме Google Тranslate на македонски јазик. &Nbsp; Тие што не знаат повеќе можат да прочитаат тука, па да се навратат на овој текст во кој ќе објасниме како процедурата на преведување да стане автоматска, со само еден клик.
Долго време се веруваше дека англиските хулигани се смирени и се однесуваат како што треба. Долго време беше така се до вторникот, кога на натпреварот меѓу West Ham и Milwall се случи огромен инцидент меѓу двете навивачки групи, пред, за време и после натпреварот, кога инцидентот се проширил на улиците каде жителите се „забарикадирале“ во своите куќи, а хулиганите се „бомбардирале“ со цигли и шишиња, велат очевидците.
<Надополнето:> Time.mk се врати на стариот дизајн. Тргнат е Fun делот и „Хардвер“, „Софтвер“ и дел од „Занимливости“ категориите се склопија повторно во една - „Технологија“. Содржината во таа категорија се уште не е ништо посебно или од голема важност, се уште е повеќе занимлива отколку релевантна. </надополнување>