Покрај порталот сменет е и дизајнот на форумот. По барање на членовите го направивме потемен, но тоа што е поважно за форумот е што ќе започнеме да истакнуваме актуелни теми од форумот на почетната страна бидејќи веруваме дека членовите на IT.com.mk се важни активисти во оваа македонска дигитална револуција.
Сигурно приметивте дека сега почесто се појавува малото роботче (дизајн на Столе Китановиќ a.k.a Dynamic) кое сега за сега нема име. Роботчето стана важен дел од промовирање на IT.com.mk брендот и заедницата така да планираме да направиме нешто корисно со него. Но прво мора да му дадеме име!
Но… како и порталот и форумот се уште не се комплетно завршени и ќе бидат досредувани со тек на времето. Сигурно и вам како и нас ќе ни треба време да се прилагодиме на новиот дизајн, но се надеваме дека ќе функционира како што вие и ние сакаме.
Упаство за користење на новиот дизајн
Сајтот е со едноставен дизајн. Главната и најактуелната содржина се наоѓа на почетната страна , додека за постарата можете да скролате надолу или да пребарувате по категории.
Тоа што е ново е што ги истакнавме кратките вести. @IT_info е профил на Twitter каде се објавуават кратки флеш вести или разновидни информации, линкови, настани, ре-твитови, совети… Сега сите тие информации се истакнати на порталот со цел вие, читателите, да добиете поголема прегледност за случувањата во ИТ светот.
Втора новина е што сега имаме „слични написи“ опција. Оваа опција се наоѓа најдолу на секој текст и ви овозможува да разгледувате и читате содржина од ваш интерес. Моментално, поради несредените тагови со старата содржина можно е да се појавуваат неповрзани текстови, но со тек на време ова само од себе ќе се среди.
Го сменивме и системот за коментирање. Сега ги користиме „IntenseDebate“ системот за коментирање кој овозможува да се логирате со вашиот Facebook или Twitte профил, а можете и да споделите и видео. Секако доколку сакате можете да коментирате и анонимно. Исто така, најновите коментари оставени на разните теми можете да ги најдете на десната страна од сајтот.
Ви се допаѓа? Коментарите подолу се за пофалби само. :) J/K секое мислење е ценето.
Коментари
32 коментари
Коментарите се затворени.