Написи тагирани со Angry Birds

36 написи
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Rovio продава по 1 милион Angry Birds маици и играчки месечно!

Rovio со својот бренд Angry Birds моментално продава по 1 милион маици и 1 милион плишани играчки секој месец!, открива менаџерот за продажба на Rovio, Ендру Сталбов на TechCrunch Disrupt. Rovio започна да продава играчки во декември 2010-та, за во март 2011-та да продаде 2 милиони и да продолжи со истото забрзано темпо за денес […]

4 коментари Прочитај 13 септември, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Психологијата, социологијата и зависноста на Angry Birds (инфографик)

Angry Birds се најпопуларната мобилна игра со над 300 милиони симнувања. Играта има три платени и бесплатна верзии кои се играат 200 милиони минути дневно, а Rovio, компанијата зад играта, се проценува дека вреди 1 милијарда долари. Уште еден интересен факт, играчите искористиле над 100 милијарди виртуелни гневни птици, што е исто колку бројот на […]

3 коментари Прочитај 12 септември, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ Статии

Неколку европски стартапи кои ќе го освојат светот

За разлика од САД кaде инвеститорите се тркаат за ИТ компании, во Европа има помалку интерес бидејќи се работи за мулти-културен пазар на повеќе јазици каде секоја земја си има свои закони и правила на игра. Но, како што стануваме дигитално општество, како што ЕУ ја турка Дигиталната агенда, така и интересеот на инвеститорите се […]

0 коментари Прочитај 15 август, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Друштвени мрежи

Google+ стартуваше платформа за игри, Facebook го возвраќа ударот

Неодамна пишавме  за можноста Google наскоро да претстави платформа за друштвени игри на Google+, и тоа предвидување се оствари во најбрз можен рок. Google+, најбрзо растечката друштвена мрежа до сега, официјално ја претстави платформата за друштвени игри, која треба да биде директен конкурент со онаа на Facebook. Со стартување на платформата за друштвени игри, Google+ […]

2 коментари Прочитај 12 август, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Nokia Angry Birds натпревар во Србија

Nokia во август ќе организира прв Angry Birds натпревар во 8 градови низ Србија. На натпреварот заинтересираните ќе треба да ги покажат своите вештини и да им помогнат на гневните птици да се одмаздат на свињите кои им ги изедоа јајцата. Играчите ќе имаат само 5 минути да направат што е можно поголем резултат низ […]

2 коментари Прочитај 26 јули, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Играње Angry Birds во живо

Со цел да се промовира брендот, T-Mobile во Барселона постави платформа за играње Angry Birds во живо. Не сум баш сигурен како успеале да го направат ова во видеото, но изгледа навистина кул, посебно кога експлодираат свињите. Дури има и оркестар кој ја свири музиката од Angry Birds.

2 коментари Прочитај 9 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

iPhone 4 и Apple App Store влегоа во Гинисовата книга на рекорди

Новото „гејмерско издание“ на Гинисовата книга на рекорди 2011-та ги вклучува Apple App Store и Angry Birds како светски рекордери според најпопуларна продавница за игри, односно најпродавана игра, заедно со iPhone 4 кој ги надмина Sony Playstation и Nintendo станувајќи најбрзо продаваната гејминг платформа.

0 коментари Прочитај 16 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Гневните птици слетаа и на прелистувачите

Аngry Birds се појави во Chrome Web Store како самостоен веб сервис кој користи HTML5 технологии со можност да се игра во висока дефиниција преку новите Chrome, Firefox 4 и Internet Explorer 9, додека постарите верзии на Firefox можат да играат само во стандардна дефиниција.

0 коментари Прочитај 12 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Сите победници на 15-тите Webby Awards

Од Џастин Бибер, Џим Кери, Angry Birds и Лего до Old Spice, Onion, NewYorker, Dropbox и Funny or Die... на 15-тите по ред престижни интернационални Webby Awards се прогласија победници според жирито од Интернационалната академија за дигитална уметност и наука, и според публика во скоро 70 категории.

0 коментари Прочитај 4 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Беа потребни 8 години за Roviо да дојдe до успех со Angry Birds

Можеби делува дека гневните птици за многу кратко време завледеаа со светот на мобилните игри, но всушност за„успехот преку ноќ“ требаше „само“ 8 години кога паметните телефони не беа појавени.

1 коментар Прочитај 13 април, 2011
Редакција
1
stole Мобилни Совети

Отворете го Android пазарот со Market Enabler

Како што е сега, македонските корисници не можат да купуваат Android апликации, имаат пристап само до бесплатните, бидејќи Google вели дека е потребно да се постави локална поддршка за корисниците да купуваат и девелоперите да продаваат апликации.

0 коментари Прочитај 5 април, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Свет

3Д мапирање, глобален тренд на кој се приклучи и Adidas и Angry Birds

Сигурно досега сте ги забележале оние симпатични и, во најмала рака, импресивни 3D проекции на згради кои во последно време доаѓаат од сите страни на светот. 3D мапирањето според Wikipedia е мапирање на три-димензионални точки на дво-димензионална рамнина. Со помош на оваа техника, може да се добијат навистина интересни 3Д ефекти, кои можете да ги видите во видеата.

12 коментари Прочитај 21 март, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Angry Birds доаѓа на Facebook

Една од најпопуларните мобилни игри, Angry Birds, интересна игра каде нервозните пилиња им се одмаздуваат на свињите, во рок од месец дена ќе се појави и на Facebook.

1 коментар Прочитај 7 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Свет

Сите победници на Global Mobile Awards 2011

Играта Angry Birds, aпликацијата Google Maps, телефонот iPhone 4 и компанијата RIM, Nissan... се едни од победниците во неколкуте категории на овогодишниве Глобални мобилни награди 2011 кои се презентираа на Светскиот мобилен конгрес во Барселона. Еве ја листата на победниците со кратко објаснување зошто се избрани:

0 коментари Прочитај 17 февруари, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Мобилни

Angry Birds ги донесе микро-трансакциите на Android

Отсега во мега популарната игра Angry Birds за Android ќе може да се купуваат виртуелни добра и содржини кои се наоѓаат во играта (in-app content), односно користење на вистински пари за да се купуваат виртуелни работи во играта. Иако овој систем, наречен Bad Piggy Bank, може да го користат само корисниците на Elisa операторот од […]

0 коментари Прочитај 8 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

EA го купи издавачот на Angry Birds за 20 милиони долари

Electronic Arts го купи Chillingo, издавачот на Angry Birds популарната мобилна игра којa откако се појави на iPhone, потоа и на други платформи, беше симната над 6.4 милиони пати. Според All things D, ЕА ќе плати околу 20 милиони долари во кеши + дополнителни профити за компанијата. Интересно ЕА нема да ги добие правата врз Angry Birds и слични игри кои Chillingo ги дистрибуира.

0 коментари Прочитај 22 октомври, 2010
Мени
Заедница
Изглед
To top