2 коментари 1 мин. читање

Nokia Angry Birds натпревар во Србија

Nokia во август ќе организира прв Angry Birds натпревар во 8 градови низ Србија. На натпреварот заинтересираните ќе треба да ги покажат своите вештини и да им помогнат на гневните птици да се одмаздат на свињите кои им ги изедоа јајцата. Играчите ќе имаат само 5 минути да направат што е можно поголем резултат низ разните нивоа на играта. Ако ги изгубат птиците, тогаш престанува играта.

Победниците по градови ќе добијат Nokia X7 паметен телефон, а победникот на финалето во Белград ќе биде пратен на карневалот во Рио де Женеиро. Рио беше име на последната верзија на оваа популарна игра, и е верзијата која ќе се користи за натпреварот.

Angry Birds е најпопуларната игра за сите мобилни платформи, а ја има и за прелистувачи. Играта е симната е неверојатни 300 милиони пати и е прогласена за хит на 2010-та.

(via Economy.rs)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top