Rovio со својот бренд Angry Birds моментално продава по 1 милион маици и 1 милион плишани играчки секој месец!, открива менаџерот за продажба на Rovio, Ендру Сталбов на TechCrunch Disrupt.
Rovio започна да продава играчки во декември 2010-та, за во март 2011-та да продаде 2 милиони и да продолжи со истото забрзано темпо за денес да успее да продава по милион парчиња месечно.
Покрај продажбата на маичките и играчките, како и 350-те милиони симнувања на играта, Angry Birds наскоро може да биде и холивудски филм. Но, сега за сега се размислува за основното, односно најверојатно многу бргу ќе видиме Facebook верзија на играта.
(видеово е пародија на филм за Angry Birds)
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.