Отсега во мега популарната игра Angry Birds за Android ќе може да се купуваат виртуелни добра и содржини кои се наоѓаат во играта (in-app content), односно користење на вистински пари за да се купуваат виртуелни работи во играта.
Иако овој систем, наречен Bad Piggy Bank, може да го користат само корисниците на Elisa операторот од Финска, сепак е важно за сите Android корисници бидејќи Google прави чекор напред и ги истражува различните начините на мобилно плаќање, воведувајќи многу олеснувачки можности и новини. Сега засега ние не можеме да купуваме Android апликации во Македонија, но можеби наскоро некои од овие системи ќе им биде овозможен на нашите корисници.
Со оваа новина, наместо да го внесувате бројот на кредитната картичка при секое купување, треба само да се притисне на иконата на Bad Piggy Bank внатре во играта и трансакцијата ќе биде извршена преку системот за SMS пораки на вашиот телефон, и ќе ви биде наплатено преку вашата телефонска сметка. Олеснетиот начин на плаќање ќе ги мотивира играчите да плаќаат вистински пари за виртуелни работи, што се покажа како профитабилно на iPhone, Facebook и други апликации.
Досега, плаќањето беше возможно само преку услуги како Google Checkout кој беше предмет на многу поплаки, или преку мобилните провајдери како T-Mobile и АТ&Т.
Google активно работат на тоа да ги подобрат и олеснат нивните системи на плаќање. Останува да видиме кога ќе им овозможат и на македонците да имаат пристап до нивните услуги.







