Беа потребни 8 години за Roviо да дојдe до успех со Angry Birds

во Свет

„Знаевте ли дека дечките од Rovie потрошија 8 ГОДИНИ работејќи на други игри пред конечно да ја добијат шанса? За тоа е потребно посветеност… ‘Успех преку ноќ’ е често идеолизиран во стартап светот, но понекогаш гламурот е базиран на мит наместо на реалност.“, пишува Пол Хонтз од Startap Foundry.

Г. Хонтз е апсолутно во право. Стартап компаниите се градат од корени, се градат од идеја која мора да го погоди дизајнот и времето за да успее, а за тоа мора да се има трпение и добар план. Аngry Birds сега има 75 милиони играчи од 68 земји кои трошат огромно време тепајќи ги свињите, но на почетокот финската Rovie беше уште една компанија која сака да прави хит игри, а завршува со дизајнирање игри на други компании и чекор до банкрот во 2009-та.

Идејата за Angry Birds е само една од многуте идеи кои братучедите и основачи на Rovio, Микаил и Никлас Хед, ги презентирале и една од 51 игри кои ги сработиле за други компании.

„Мислевме дека ќе ни треба од десет до 15 насови за да дојдеме до правот.“, вели Никлас Хед за Wired.

Тоа што е интересно е што Roviо e основана во 2003-та. Паметните телефони и друштвените мрежи, кои се виновни за експлозијата на causal и друштвениот гејминг, беа се уште нејасни концепти. Rovio на почеток работи како фриленс за други гејминг компании креирајќи хорор и научно-фантастика игри. Имале инвестиција од 1 милион долари од таткото на Микаел по што се прошириле, но немале соодветни резултати по што компанијата во 2007-ма од 40 вработени морала да се намали на 12, а Микаил се повлекол заради конфликти со татко му кој е главниот инвеститор. Бизнис планот бил да се направи брз хит и да се продаде компанијата. Rovio влегува во криза се до клучниот момент во 2007-ма.

„iPhone го отвори светот. Имате еден контакт, плус светска дистрибуција“, вели Никлас.

iPhone овозможи игрите да бидат достапни до секого и играни од секого. Затоа Rovio се свртува кон позабавни игри и започнува концепт на игра со нервозните пилиња. Од првичната до конечната идеја нема многу сличности, напротив, има развој и куп промени на дизајнот и игривоста се додека во период од 6 месеци и 100.000 потрошени долари во декември 2009-та не се објави правата формула која донесува неверојатен успех и светска слава. Една од интересните идеи за маркетинг на играта е да се почне од помалите пазари, почнувајќи од Финска, Чешка, Грција… Angry Birds станува број еден апликација на тие продавници со што го привлекува вниманието на издавачот Chillingo кој помага Apple да ја стави играта на насловна на App Store во Британија.

Angry Birds е 52-ра игра на Rovio.

(via @darko156/Wired)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Zoki
Zoki
13 years ago

Супер рецензија Виктор, баш ме интересираше нешто повеќе за креаторите на оваа популарна игра.
Но наслово дека требале 8 години за успех некако не ми штима, оти сепак тие направиле 51 игра во рок од тие 8 години, што е во суштина гледано (со тим од 40 луге) многу малку… Но им се исплати со 52 игра (angry birds) , јас моментално ја играм flash верзијата (кинеска) која е исто така многу популарна.

види ги сите огласи на kariera.it.mk