Супербрзи WiFi хотспоти ги заменуваат говорниците во Њујорк

Avatar img-thumbnail img-circle

во Останато

Во Њујорк започна замената на телефонските говорници со WiFi хотспоти кои ќе нудат супербрз интернет. Најавата за проектот е од 2014 година, но по речиси две години конечно започнува реализацијата.

На улиците на градот е поставена првата од 7.500 говорници кои се планирани. Првата WiFi говорница е во близина на Manhattan Union Square, па граѓаните и туристите во Њујорк сега и во реалноста можат да видат како ќе изгледа градот, или барем дел од градот во иднина. Говорниците кои сега имаат огромен, 55-инчен дисплеј на кој ќе бидат прикажувани реклами за да се исплати системот, ќе можат бесплатно да се користат за разговор. Дополнително процените се дека по замената новите WiFI хотспоти преку реклами ќе му донесат на Њујорк заработка од 500 милиони долари во следните 12 години, вели Verge.

По целоснатa замена мрежата ќе биде надградена и со идентична брзина насекаде во Њујорк. Првата фаза предвидува замена на 500 говорници до јули, но и замена на инфраструктурата со што мрежата би поддржувала WiFi хотспоти со капацитет од еден гигабит. По надградбата и замената на сите говорници Њујорк ќе биде еден од градовите со најголема и најбрза WiFi мрежа во светот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] градските власти во Њујорк ги инсталираа киосците за супер-брз интернет, сигурно не предвидоа дека граѓаните на јавно место ќе […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk