Intel потроши рекордни 16,7 милијарди долари за Altera

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Intel и официјално е новиот сопственик на Altera. Аквизицијата на конкурентот го чини најголемиот производител на чипови рекордни 16.7 милијарди долари.

Altera е производител на програмабилни логички уреди и променливи комплекси дигитални електрични кола. Компанијaта ја има можеби најветувачката технологија кога се во прашање FPGA процесори (Field programmable gate arrays). Xeon процесорите на Intel кои ги користат најголемите компании: Microsoft, Google и Facebook, во комбинација со FPGA процесорите ќе овозможи подобри перформанси, што е конечната цел на процесорите – да бидат што е можно помоќни. Веќе од следната година компанијата ќе ги продава Xeon и FPGA во пар. Долгорочно идејата е двата чипа да се комбинираат во еден, а оваа комбинација во иднина би можела до три пати да ги подобри перформансите на процесорот, велат од Intel за Wall Street Journal.

Но, Altera ќе остане различен бренд од Intel и ќе функционира независно во рамките на Intel. Компанијата ќе продолжи да соработува со ARM за поддршка на производите, која и досега ја нудеа. Од Intel се надеваат дека ќе можат да го спојат FPGA процесорите и Atom, наменет за послаби ноутбукови и мобилни уреди, за кои се надеваат дека ќе бидат основа за платформа за Интернет на нештата, како и можност за влез во индустријата за автономни возила.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk