Стартува првата продавница за апликации со проширена реалност

Layar Reality Browser е мобилен пребарувач на проширената реалност која користејќи GPS, компас и камера нуди 3D преглед на „работите кои не можат да се видат во реалниот свет“, односно преку камерата на мобилниот ја покажува локацијата на најблиските објекти до вас со информации од Wikipedia, најблиските твитови, продавници, културни објекти, куќи кои се продаваат…

Сега Layar им нуди на девелоперите да додадат слоеви со проширената реалност врз платформата добивајќи 60% од заработката.

Продавницата од почеток има платени апликации од неколку партнери . Пример Eye Tour Puerto Rico за некои 3-4 долари нуди комплетни туристички водич преку мобилниот телефон, нудејќи информации за културни објекти во Порто Рико надополенти со видео. Друг интересен „слој“ врз реалниот свет е Album Covers Atlas на augmentreality.co.uk што ги прикажува точните локации каде се сликани фотографии од предната страна на познати музички албуми.

За да ви биде појасно што е Layar Reality Browser погледнете го видеово..

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments