Мicrosoft го повлече Courier проектот

во Хардвер

Gizmodo открива дека директорите на Microsoft го информирале тимот за развој на проектот дека ќе ги повлечат средствата. Courier никогаш не беше најаван ниту потврден како валиден проект од Microsoft, додава ИТ блогот.

„Моментално, разгледуваме други идеи, истражуваме, тестираме, ги инкубираме. Тоа е во нашата ДНА да развиваме нови форми и природни кориснички интерфејси за да поттикнеме креативност и продуктивност. Courier проектот е пример на таков труд. Тој ќе биде оценет за користење во идните истражувања, но немаме планови да изградиме таков уред во моментот.“ потврди вице-претседателот за комуникации на Microsoft, Френк Шо.

Apple останува сам на пазарот на таблет компјутерите уживајќи во успехот на 500.000 продадени iPad-и, со HP и германскиот WePad како единствените реални конкуренти. Сепак тоа што го разликуваше Microsoft е што понудија нешто поразлично од iPad и другите конкуренти. Не би изненадило некоја друга ИТ компанија да го искористи моментот и идејата за таблет PC со двоен екран.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk