Македонската апликација за луѓе кои се, или барем се обидуваат да бидат физички активни – FitKit, има нова верзија. Промените се направени врз база на досегашното искуство и комбинација на најдобрите фитнес практики.
FitKit е платформа (FitKit Plus) која на корисниците им овозможува пристап до видео програми за вежбање со локални тренери, и пакети што на корисниците им овозможуваат да имаат тренер и вежбална на дофат насекаде. Корисниците сами можат да одберат и да купат програма која им се допаѓа и да биде дел од апликацијата засекогаш. Со плаќањето на месечна членарина, корисниците може да изберат време, локација и студио каде сакаат да вежбаат; вежбањето може да е онлјан, од својот дом или со физичка посета на локација. Има многу различни на вежби: Теретана, Јога, Зумба, Пилатес, Кросфит, Кикбокс, Базен, Спа, Масажи… FitKit Plus е само проширување на FitKit. Користејќи ја апликација и пакетите или претплатата, корисникот има пристап и до видео програмите за вежбање.
Освен додавањето на новата FitKit Plus програма, апликација ги надгради и своите претплати со цел да им овозможи на корисниците пристап до активности преку физичка посета на локациите за вежбање или релаксација, пристап до онлајн вежбања во живо, пристап до FitKit Plus видео програмите за вежбање и слично.
Промените и надградбата на апликацијата делумно се „инспирирани“ од глобалната пандемија. Вежбалните и фитнес центрите останаа затворени, и најголем дел од можностите за вежбање доаѓаа или преку друштвените мрежи или преку телевизијата.
Онлајн вежбањето и вежбањето од дома нема да не потсетува на пандемија, туку на подобро управување со времето. И кога ќе ја нема пандемијата, вежбањето онлајн ќе остане атрактивно и потреба за вежбачите. Не секогаш сме расположени да излеземе од дома, да спремаме торба со опрема, да возиме, да се мешаме со луѓе. Супер е да го имаме како опција и да им помогне на многу луѓе да немаат прекини во вежбањето, велат основачите на FitKit.
Мобилната апликација е достапна на App Store и Google Play.