2 коментари 1 мин. читање

Стартува нов портал за економија, Faktor.mk

Faktor.mk е нов .мк економски портал чија цел е да понуди „покомплексно третирање на економските појави и случувања низ призмата на изнаоѓање на оптимален однос меѓу улогата на пазарот и државата во општествено–економскиот развој на земјата“. Така основачите, универзитетскиот професор Крсте Шајноски и финансискиот аналитичар Алек Манев, го објаснуваат својот мотив за да стартуваат ваков портал.

Kако што пишува A1on.mk, екипата зад порталот ќе бидат познати новинарски имиња кои се експерти во економија, бизнисмени, аналитичари и политичари, кои сите ќе понудат „поинаков приказ“ на вести, анализи, интервју и други секојдневни дебати околу економските теково во Македонија. За жал, како и многу .мк сајтови, ни Faktor.mk нема импресум за да ги видиме новинарите зад порталот.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top