0 коментари 2 мин. читање 2 октомври, 2012

Корисниците на таблет компјутери читаат повеќе вести и подолги статии

Колку повеќе уреди користиме, толку повеќе читаме вести, вели Pew Rеsearch во своето ново истражување направено со над 9.000 американски корисници на паметни телефони и таблет компјутери.

Истражувањето покажа дека наместо кориснциите да го поделат времето на читање вести на двата уреди, тие читаат двојно повеќе вести. Над 60 отсто од испитаниците велат дека читаат вести преку својот уред секоја недела, а 35 отсто велат дека читаат секој ден.

Истражувањето покаќа дека таблет компјутерот се користи повеќе за читање вести (можеби заради поголемиот екран). Ставено во контекст со бројки, корисниците помнуваат 51 минута читајќи вести на таблет компјутери, или 54 минути читајќи на мобилен телефон. Но, корисниците кои ги имаат и двата уреди, велат дека поминуваат по 64 минути читајќи вести на таблет компјутер, односно 54 минути на паметен телефон.

Покрај подолгото време поминато читајќи вести на таблет компјутерите, овие уреди се користат и за подетално читање на подолги вести и статии, гледање на повеќе видео, но преку таблет компјутерите се споделуваат помалку вести на друштвените мрежи одошто се прави тоа преку паметен телефон.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top