#StartupSelfie со Тајга Балтачиоглу, ко-основач на Multibiev

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Откако сфатив дека co-working просторите се голема работа во Истанбул, и добив покана да посетам еден, неколку часа пред моето заминување, се упатив кон Kolektif House. Toa место сега е едно од моите најпопуларни места во градот, и како што тие сакаат да кажат, во Kolektif House веруваат дека „се појаки кога се заедно“, и со тоа убедување обезбедуваат креативен, општествен и ефикасен простор за работа за сите претприемачи, фриленсери и компании.

KolektifHouse

Веднаш штом стигнав таму бев пријатно пречекано, но бидејќи одлучив во последна минута да го посетам местото, испуштив шанса да разговарам со ко-основачот Ахмет Онур бидејќи тој беше на друго co-working место што го отвараат. Се надевам дека ќе имаме друга шанса да се сретнеме и разговараме за стартапи. Како што разгледував наоколу, првиот човек кој го сретнав беше еден млад дечко кој израснал во Калифорнија, што одлучил да го посети Истанбул и да си започне стартап од тука. Беше заинтересиран да се појави на блогот, но бидејќи тој беше нов во градот и неговата бизнис идеја беше во развојна фаза, не сакаше да ја сподели идејата. Но, на горниот кат можев да најдам луѓе кои работеа во групи, и фриленсери,и бидејќи барав некој со кого можам да поразговарам за стартапи, следниот човек што го сретнам беше дечко кој си типкаше на лаптопот, седејќи сам во неговата канцеларија. Му се претставив која сум и што работа, и тој беше изненаден, но и заинтересиран да ја сподели својата приказна…

Запознајте го 24-годишниот Тајга Балтачиоглу, ко-основач и директор на Multabiev, платформа што оперира во Истанбул и обезбедува домашни услуги како чистење, чување на деца и грижа за постарите.

„Додека бев студент, јас и моите цимери имавме огромен проблем да го најдеме вистинскиот човек или компанија да ни чисти. Па наместо да чекаме некој да ни даде решение, се решив да започнам стартап. Мојата фамилија и пријатели ме поддржаа многу во последната година додека го стартував Multibiev и до сега можам да кажам дека се оди како што треба и планирам да се проширам на уште 5 други градови низ Турција, бидејќи конечно го најдов вистинскиот бизнис модел. Имав некои потешкотии на почетокот, па го сменив начинот како да ги аутсорс услугите за чистење, на пример, имаше два критични моменти во кои размислував дали вреди да се продолжи со бизнисот. Но, работевме напорно и бевме амбициозно, па успеавме да бидеме најиновативни во индустријата, и поважно не добивме лоши критики од нашите корисници во последниве 6 месеци“, вели Тајга.

Tayga-Mutlubiev

Бидејќи бевме сами во канцеларијата, го запрашав каде му се колегите и зошто одбра co-working простор за негова канцеларија.

„Буџетот е една од најважните работи за еден стартап. Исто треба да им покажете на потенцијалните инвеститори дека можете ефективно да го менаџирате вашиот буџет. Изнајмување на маса или канцеларија во Co-working простор е најдоброто решение кога сте на почеток на вашиот бизнис. Дополнително, тука може да најдете многу луѓе што размислуваат како вас, и што секога се подготвени да помогнат и да ве поддржат. Исто ,бидејќи не одам на многу стартап настани, не дека не ги сакам или дека не сакам да запознавам други луѓе, туку бидејќи некој мора да ја одржува работата, па тука во Kolektif House има настани и собири кои можам да ги посетам. Моите колегите исто така доаѓаат да работат со мене, но повеќето од времето тие се или во домашни канцеларии, бидејќи во моментов тоа е посоодветно и поефикасно за нив“.

Бев навистина изненадена од начинот на кој размислува и од неговата работна тика, посебно што тој имаше само 24 години. Како што привршувавме со разговорот, му посакав среќа со неговиот стартап и проширувањето, и му се заблагодарив што ми даде шанса да ја споделам неговата приказна и можеби да инспирирам други млади луѓе кои сакаат да започнат свој бизнис.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
toplu mail fiyatları
2 years ago

thanks for content

Kedi Sahiplenme
2 years ago

thank youuu

Toy Poodle
2 years ago

thanks