Чао Flash Professional. Здраво Adobe Animate.

во Веб, ретро, Софтвер

Oткако сите му свртea грб на Flash, време беше и на Adobe да се помири со фактот (и визијата на Стив Џобс) дека HTML5 е супериорен. Adobe сега ги ребрендира своите алатки, претставувајќи нова верзија на Flash Professional која сега се нарекува Adobe Animate CC. Adobe Animate ќе го поддржува Flash и Air, но ќе користи HTML5 за веб анимации како што веќе користат една третина од содржините креирани со Flash Professional.

„Зошто ребрендираме? Бидејќи отворените стандарди и HTML5 станаа доминантни стандарди на веб“, вели Adobe. Според компанијата, алатката е целосно „изработена од нула за да интегрираме поддршка за native HTML5 Canvas и WebGL во креирање на премиум апликации“. Animate CC ќе биде објавена на почеток на 2016-та година и се води според стандардите на Interactive Advertising Bureau (IAB). Oва значи дека со Animate ќе можат да се прават анимации кои ќе функционираат одлично на мобилни телефони и на модерните прелистувачи кои ги блокираa Flash поради безбедносните дупки во софтверот и додатоците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Освен тоа што HTML5 е модерна веб технологија, една од најважните прични зошто на Java и Flash се гледа како на проблематични плагини, е што се вистински кошмар за безбедноста. Минатата и оваа година речиси и да не поминува месец без да дознаеме за нов безбедносен пропуст и злоупотреба на плагините. Поради ова најголем дел од компаниите како Google, Microsoft, YouTube, Facebook, Twitch започнаа да го повлекуваат Flash од употреба. Дури и Adobe се реши да го ребрендира Flash, признавајќи декa HTML5 e доминантна технологија. […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk