На оригиналниот Black Friday, оној петок се слави по „Денот на благодарноста“ во САД, беа потрошени околу 4,5 милијарди долари. Но, тоа што е интересно е што повеќе луѓе разгледувале производи онлајн наместо да одат во физичките продавници, иако на крај парите повеќе се трошеле во физичките продавници. Забележано е дека 57 отсто од корисниците ги користеле таблет компјутерите и паметните телефони за прегледување производи, со што ги надминаа десктопите, вели IBM. Кралот на онлајн шопингот е паметниот телефон на кои отпаѓа 44,7 отсто од сообраќајот.
Сепак кога е во прашање продажбата и нарачката на производите, дури 63,8 отсто отпаѓа на десктоп, 20,6 на паметни телефони, а 15,5 на таблет компјутери. Во просек секој купувач од таблет компјутер за купување потрошил 136,42 долари, од десктоп се потрошени во просек 134,06 долари, а од паметен телефон 121,06 долари.
Што се однесува до мобилната платформа 39,6 отсто од сообраќајот е на iOS, a 17,3 на Android. Учеството од продажбата е 27,7 на iOS и 8,3 отсто на Android. Односот од 3:1 во корист на iOS изгледа импресивно, но само пред две години дури 80 отсто од мобилната продажбата отпаѓаше на iOS. Уредите на Apple сè уште носат поголема продажба, но разликата во 2013 година беше поголема.
Најинтересни за купувачите оваа година се Samsung TV, Apple Watch, Sony TV, Beats by Dre, LG TV Minecraft и Asus и Toshiba лаптоп компјутерите.








