(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)
Септември 2014-та. Точно една година откако го запознав на третото издание на SW Skopje, каде тој доби вредни совети од експерти (околу неговата тогаш CoffeeBreakCourses идеа), што придонесе кон едногодишниот процес на трансфоормација на идејата до креирање на точниот тим, и стигнување до првата инвестиција од CEED Macedonian Business Angels. Сега неговиот стартап Brainster е подготвен да стартува во октомври.
Запознајте го Петар Ниновски, човекот кој остави добро платена корпоративна работа за да го следи својот стартап сон. Во последнава година дена, се среќававме на неколку различни настани, главно поврзани со стартапи. И секој пат дискутиравме за неговата идеја, за развојот на бизнис модел и за актуелната ситуација во нашата стартап заедница. Бидејќи, без разлика на моменталната политичка и економска криза во земјата, кога повеќето ентузијасти губат мотивација, тој одбра да се спротистави на „лошиот дух“ и да направи револуција со својот стартап. Секогаш со искра во очите кога зборува за развивање на својот стартап, Петар работеше напорно и сега е во финална фаза пред стартување. Тој е инспиративен пример за младите претприемачи и затоа го одбрав да ми биде прв гостин на #StartupSelfie од #МКStartups заедницата.
„Brainster.co е платформа за офлајн курсеви кои може да ги предавате или учите од локални експерти. Веруваме дека секој може да пренесува знаење и предава, и има љубопитност и потреба да научи нови вештини. Нашата визија е да го претворивме секој град во универзитет, секое место во училница и секој од нас да биде инструктор или студент. Brainster.co цели да го поттикне секој професионалец да си го сподели своето знаење со заедницата и секој индивидуалец да си го збогати своето практично знаење. Нашата платформа ќе ни помогне во процесот да се размени знаењето, така што ќе го направи едноставно и забавно. Но, Brainster е нешто поголемо – тоа е дел од нас. Дел од секој од нас… Brainster е заедница чија цел е да враќа вредности, врз кои генерации ќе можат да се изградат во иднина. Платформата на почеток ќе има курсеви од инструктори од следниве области: технологија, маркетинг, бизнис и уметност, и еден од првите курсеви веќе се очекува да стартува овој октомври. Скопје ќе биде првиот град, а курсевите ќе се оддржувааат на различни локации како co-working просторите, акцелераторите, инкубаторите, работилниците и дури кафулињата“, објаснува Петар.
Звучи како вистинска револција на образованието, нели? Но, пред да видиме како овој нов начин на учење ќе функционира, бев заинтересирана за колку беше тешко да се добие првата инвестиција. Јавна тајна е дека инвеститорите и бизнис ангелите во Македонија не може да се најдат. И сега, слушаме дека тие навистина постојат и не само тоа, туку и дека инвестираат!
„Процесот траеше околу три месеци. Се започна со договарање на состанот, тогаш следеа неколку сесии со презентации, па уште неколку состаноци, што потоа не одведе на еден-на-еден состаноци. Мора да бидете добро подготвени, не само да верувате во вашата идеја, туку да имате факти и да ги убедите дека ова не е само уште една стартап идеја, туку е најдоброто нешто што го чуле до сега. Продавањето на идејата е како класична продажба. Треба да ја научите таа вештина и да бидете самоуверени кога ќе се сретнете со потенцијалниот инвеститор. На среќа, нив им се допадна идејата и сакаа да се вклучат. Што ми помогна многу со развивање на бизнисот“, вели Петар.
Тоа што го прави уникатен за мене е неговата мотивација и решителност да направи разлика, и да придонесе кон заедницата. Додека го допивавме кафето тој сакаше да ја открие својата мотивација, така што ќе ги охрабри другите да не се плашат да започнат со својот стартап.
„Време е да направите некоја промена. Ако не сакате излезете од вашата комфорт зона, тогаш кога ќе го направите тоа? Се е околу обидите и правење прототипови и запознавање луѓе од стартап светот. Можам гордо да кажам дека ги запознав моите соработници од тимот на стартап настани. Имам претчувство дека нешто големо ќе се случи од оваа стартап заедница. Ќе читаме за некои големи приказни. Затоа би сакал да ги видам сите да работат заедно и да се поддржуваат еден-друг. И секогаш размислувајте позитивни и прашувајте се себе си: Што ако успее? Работете напорно на вашата стартап идеја, споделете ја со што е можно повеќе луѓе и не се плашите дека некој ќе ви ја украде. На крај од моето искуство можам да ве разубедам дека претприемаштвото е позабавно од корпоративната работа. Следете си го сонот!“.
Разговаравме на уште теми додека го пиевме кафето, но се сложивме да ги оставиме за некое следно #StartupSelfie, можеби откако ќе стартува Brainster во октомври. Му посакав среќа и успех, и за тие што не се од Скопје, има ексклузивно инфо дека во 2016-та тимот планира да ја рашири Brainster заедница со тие што сакаат да го споделат искуствата и да научат нови вештини во Атина, Софија и Берлин.









@it.com.mk a da ne bese ova objaveno pred mesec dena?
Se povtoruvate…
@it.com.mk a da ne bese ova objaveno pred mesec dena?
Se povtoruvate…
@it.com.mk a da ne bese ova objaveno pred mesec dena?
Se povtoruvate…
Блиску си, блиску си… блиску си. IT.com.mk имаше интервју со Петар. Овој текст е гостински текст на #StartupSelfie т.е. на Нина. Со неа имаме договор да ги споделуваме нејзините интервјуа со стартап основачите. It.com.mk нема никаква вмешаност во типот на интервјуто.
Можеби ќе забележиш и текстови како „Стартап Алатки од Brainster”, од стартапот на Петар. Тоа е затоа што со него имаме договор да ги споделуваме неговите блог постови од сервисот.
Се е во моментов голема случајност, но со добра намера, да се промовира стартап заедницата и корисните алатки. :)